Блек-метал: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
илустрирање
Ред 44:
Вториот бран на блек метал започна во раните 90-ти и беше предводен од норвешката блек метал сцена. Во периодот меѓу 1990 и 1994 извесен број на изведувачи започнаа со нов вид на блек метал музика; тука се вклучени Мејхем, Торнс, Бурзум, Дарктрон, Имортал, Сатирикон, Енслејвд, Емперор, Диму Боргир, Горгорот, Улвер и Карпариан Форест. Тие го развија стилот на нивните претходници од 80-тите како посебен жанр различен од треш металот; ова е делумно благодарение на новиот начин на свирење гитара, развиено од Сноре "Блекторн" Рух од Стигма Диаболикум/Торнс и Ејстајн "Еуронимус" Арсет од Мејхем. Фенриз од Дарктрон им ја припиша оваа иновација неколку пати во интервјуа. Ја опишува како потекло од Батори и потенцира дека "тие рифови станаа нов поредок за многу бендови во 90-те". Како што се гледа подолу, многу членови од Норвешките групи ќе станат одговорни за бранот од криминал и контроверзии, вклучувајќи палење на цркви и убиства. Во рамките на ова, ваква антихристијанска идеологија стана задолжителна за сите оние изведувачи кои сакаа да бидат класифицирани како блек метал. Исан од Емперор тврди дека овој тренд веројатно преоизлегол просто од "отпорот кон опшеството, спротивставување кон сѐ нормално". Визуелно, мрачните теми од нивната музика беа проследени со специфична шминка со налик на трупови, којашто стана начин на препознавање и разликување на едни "блекметалци" од други во тоа време.
За време на 90-тите, блек метал сцени произлегоа и на Европскиот континент, инспирирани од Норвешката сцена со постари бендови. Во Полска, таа сцена беше предводена од Грејвленд и Бехемот. Во Франција се појави група музичари Ле Легионс Ноар, овде се вклучуваат и изведувачи како Мјутилејшн, Влад Тепеш, Белкетр и Торгајст. Блек Фјунерал, Гранд Билајал'с Киј и Џудас Искариот беа групи кои се појавија во САД.
[[Податотека:Celtic Frost live at Tuska 2006 modified.jpg|мини|десно|Концерт на Селтик Фрост]]
 
Во почетокот на вториот бран, различните сцени развија свои сопствени стилови; Алан "А.А. Немтенга" Аверил вели "постоеја грчки звук, и фински, и норвешки звук, германски и швајцарски групи и слично". До средината на 90-тите стилот на норвешката сцена беше прифатен од бендови сирум светот. Поновите блек метал групи исто така започнаа со подобрување на продукцискиот квалитет и воведуваа додатни инструменти како синтисајзери и дури цели симфониски оркестри. До доцните 90-ти, “подземната” сцена ја обележаа многу норвешки групи, како Емперор, Имортал, Диму Боргир, Еншент, Ковенант и Сатирикон, како искомерцијализирани и дел од популарната сцена.