Германски јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава su:Basa Jérman
с r2.7.3) (Робот: Ја менувам pa:ਜਰਮਨ ਬੋਲੀ во pa:ਜਰਮਨ ਭਾਸ਼ਾ; козметички промени
Ред 56:
Германскиот јазик најмногу се зборува во [[Германија]] (каде што е прв јазик на повеќе од 95% од населението), [[Австрија]] (89%) и [[Швајцарија]] (65%). Сепак, германскиот го зборуваат и мнозинство од населението во [[Луксембург]] и [[Лихтенштајн]].
 
Други европски заедници кои го зборуваат германскиот јазик се наоѓаат во Северна [[Италија]] (во провинцијата [[Болцано]] и во некои општини во други провинции), во источните кантони во [[Белгија]], во француските региони [[Елзас]] и [[Лорена]], како и во некои гранични села од поранешниот Јужен [[Јиланд]] во [[Данска]].
 
Зедници кои зборуваат германски исто така се наоѓаат во делови од [[Чешка]], [[Словачка]], [[Унгарија]], [[Полска]], [[Романија]], [[Србија]], [[Русија]] и [[Казахстан]].
Ред 70:
Значајна концентрација на потомци кои зборуваат германски има во [[Аргентина]] (5 милиони), Венецуела, Парагвај и Чиле (3 милиони). Во дваесеттиот век, преку 100 000 германски политички бегалци и претприемачи се преселија во Латинска Америка, во земји како [[Коста Рика]], [[Панама]], [[Венецуела]] и Домениканската Република, да основаат енклави во кои ќе се зборува германски јазик. Како што се зборува, постои мала германска емиграција во [[Порто Рико]]. Скоро сите жители на градот [[Помероде]] во државата Санта Катарина во Бразил можат да зборуваат германски.
 
Според американскиот попис од [[2000]]-та година, германскиот во [[Соединети Американски Држави|Соединетите Американски Држави]], после англискиот, [[Шпански јазик|шпанскиот]], [[Кинески јазик|кинескиот]] и [[Француски јазик|францускиот]], е петти по ред најзборуван јазик во домовите (околу 1,4 милиони). Оттука произлегува дека во Соединетите Американски Држави се наоѓа една од најголемите концентрации на луѓе кои зборуваат германски надвор од Европа. Државите [[Северна Дакота]] и [[Јужна Дакота]] се единствените држави во кои германскиот, после англискиот, е најчестиот јазик кој се зборува во домовите (вториот најзборуван јазик во другите држави е шпанскиот или францускиот). Навестување за германската присутност се наоѓа во имињата на некои места како [[Нов Улм]] и многу други градови во [[Минесота]], [[Бизмарк (град)|Бизмарк]] (главниот град на државата), [[Минхен (САД)|Минхен]], [[Карлсруе (град)|Карлсруе]] и [[Стразбург (САД)|Стразбург]] во Северна Дакота, [[Нов Браунфелс]] и [[Минстер (САД)|Минстер]] во [[Тексас]] и [[Кил (САД)|Кил]], [[Берлин (САД)|Берлин]] и [[Урмантаун]] во [[Висконсин]]. Во текот на дваесеттиот век, многу од потомците на емигрантите од осумнаесеттиот и деветнаесеттиот век продолжија да зборуваат германски дома, но мала популација од постари (како и од помлади жители) може да се сретне во [[Пенсилванија]] ([[Амиши]]те, [[Хатерити]]те, [[Данкардси]]те и некои [[Менонити]], кои низ историјата зборувале [[хатерски германски]] и [[западно-централен германски]], комбинација од [[пенсилвански холандски]]), [[Канзас]] (Менонити и [[Волшки Германци|Германците од Волга]]), Северна Дакота (хатерски Германци, Менонити, [[руски Германци]] и [[балтички Германци]]), Јужна Дакота, [[Монтана]], Тексас, Висконсин, [[Индијана]], [[Орегон]], [[Луизијана]] и [[Оклахома]]. Во раниот дваесетти век, имиграцијата беше зачестена во [[Сент Луис]], [[Чикаго]], [[Њујорк]], [[Милвоки]], [[Питсбург]] и [[Синсинати]]. Според последниот попис во [[2006]] година, во Канада има 622 650 германски говорници, додека луѓето со грманско потекло ([[Германски Канаѓани|германските Канаѓани]]) ги има низ целата земја. Заедници кои зборуваат германски делумно можат да се сретнат во [[Британска Колумбија]] (118 035) и [[Онтарио]] (230 330). Во градот [[Киченер]] во Онтаиро постои голема и динамична општина која одамна е наречена Берлин. Германските имигранти имаа важна улога во трите големи урбани реони во земјата: [[Монтреал]], [[Торонто]] и [[Ванкувер]], имигрантите кои се доселиле после Втората светска војна успеаа да го зачуваат влијанието на германскиот јазик во нивните соседства и квартови. Во првата половина на дваесеттиот век, повеќе од милион германски Канаѓани, [[Канадски јазик|канадскиот јазик]] го претворија во трет јазик кој најмногу се зборува, после францускиот и англискиот. Во [[Мексико]] исто така има три големи групи жители со германско потекло, најмногу во градовите: [[Мексико Сити]], [[Пуебла]], [[Мацалтан]], [[Тапачула]] и поголемо население раштркано низ државите: [[Чихуахуа]], [[Дуранго]] и [[Закатекас]]. Се зборува и дека жители со германско потекло има во соседните градови околу [[Гвадалахара]], [[Халиско]] и повеќе во Северно Мексико каде германското влијание се има пренесено во мексиканската култура. Стандарден германски се зборува во богатите германски заедници во Пуебла, Мексико Сити, [[Нуево Леон]], [[Сан Луис Потоси]] и [[Квинитана Ро]].
 
Германските дијалекти кои најпрво се зборуваат или се зборуваа во колонии или задници кои ги основаа германските говорници наликуваат на дијалектите во регионите од каде што потекнуваат основачите. [[Тексашки германски]] е дијалект кој се зборува во областите од Тексас кои се колонизирани, како [[Њу Браунфелс]] и [[Фредериксбург]]. [[Плаутдич]] е малцински јазик кој го зборуваат заедниците на Менонитите во Северно Мексико и повеќе од 200 000 луѓе во Мексико. Пенсилванискиот холандски е германски дијалект кој го зборуваат Амишите од Пенсилванија, Индијана и [[Охајо]].
 
Хатеритски германски е повисок германски дијалект од [[баварско наречје|австробаварското наречје]] на германскиот јазик кој го зборуваат заедниците на Хутеритите во Канада и во Соединетите Американски Држави. Хутеритскиот се зборува во Американските Држави: [[Вашингтон (држава)|Вашингтон]], Монтана, Северна Дакота, Јужна Дакота и Минесота и во канадските провинции [[Алберта]], [[Саскачван]] и [[Манитоба]]. Неговите говорници припаѓаат на некои хатеритски групи, но сепак постојат говорници меѓу постарите генерации [[Прерилити]] (потомците од Хатеритите кои одлучиле да не се населат во колонии). Хатеритските деца кои растат во колонии прво учат и зборуваат хатеритски германски, пред да учат англиски - стандардниот јазик на опкружувањето во приватното целодневно училиште. И покрај тоа, многу колонии настрана од целодневните училишта продолжуваат со училишта во кои се учи [[германска граматика]]. Во Австралија, во државата [[Јужна Австралија]], нагласен бран на германскиот јазик од [[Прусија]] пристигна во илјадаосумстотини и четириесеттите години (особено од регионот на [[Силезија]]). Со долготрајната изолација од други германски говорници и контакт со [[Австралиски англиски|австралискиот англиски]], некои укажуваа на новосоздаден единствен дијалект познат како [[бароса германски]], кој најмногу се зборувал во [[Бароса Вали]] во близина на [[Аделејд]]. Тој продолжил да се користи како прв јазик во дваесеттиот век, но неговата употреба сега е ограничена на неколку постари говорници. Постои и значаен [[германски креолски]], наречен [[унзердојч]], кој го зборуваат неколку постари жители во поранешната колонија на Германија во [[Папуа Нова Гвинеја]], низ [[Микронезија]] и во северните делови на Австралија (т.е. во крајбрежните делови на [[Квинсленд]] и [[Западна Австралија]]). Постои сериозен ризик од негово изумирање, но стручњаците прават напори да се оживее интересот за овој јазик.
Ред 90:
=== Современ германски ===
 
Кога [[Мартин Лутер]] ја преведе [[Библија]]та ([[Новиот Завет]] во [[1522]] година, а [[Стариот Завет]] беше објавен во делови и завршен во [[1534]] година), својот превод најмногу го засноваше врз бирократскиот стандарден јазик кој се зборувал во [[Саксонија]] (''зексише канцлаишпрахе''), исто така познат и како ''Мајснер-дојч'' (германски кој се зборувал во градот [[Мајсен]]). Јазикот се засновал врз источниот повисок германски и источните централни германски дијалекти и зачувал голем дел од граматичкиот систем на средно високиот германски (кој не е сличен со германските дијалекти кои се зборувале во Централна и Горна Германија, кои веќе во тоа време започнале го губат падежот [[генитив]] и [[претеритум]]от). Во почетокот, преписите на Библијата имале долг список за секој регион, во кој непознатите зборови биле преведени во регионалниот дијалект. Римските Католици во почетокот го одбија преводот на Лутер и се обидоа да создадат нивни сопствени католички стандарди (''гемајнес дојч'') кој сепак се разликуваше од „протестантскиот германски“ само во некои ситни детали. Создавањето стандарден јазик траеше до средината на осумнаесеттиот век, со што тој беше нашироко прифатен, на тој начин завршувајќи го периодот на раниот нов [[висок германски]].
 
До околу илјада и осумстотата година, стандардниот германски беше речиси само пишан јазик. Во ова време, луѓето во модерна северна Германија, кои зборуваа дијалекти многу поразлични од стандардниот германски, речиси го изучуваа стандардниот германски како странски јазик и се обидуваа да го изговорат што е можно поблиску до вистинскиот изговор. Прирачниците за нормативен изговор сметаат дека изговорот на северниот германски е стандарден јазик. Сепак, фактичкиот изговор на стандардниот германски се разликува од еден до друг регион.
 
Германски беше јазикот на трговијата и управувањето во [[Хабсбуршка монархија|Хабсбуршката империја]], која опфаќаше големи области од Централна и Источна Европа. Сé до средината на деветнаесеттиот век, германскиот беше јазик на граѓаните низ поголем дел од империјата. Ова укажува на тоа дека говорникот бил трговец, урбанит. Некои градовиг како [[Прага]] и [[Будимпешта]], беа постепено германизирани во годините после нивното вклучување во Хабсбуршката област. Други градови како [[Братислава]] во тоа време најпрво беа германски. Неколку градови како [[Милано]], останаа негерманизирани, но сепак многу градови како Прага, Будимпешта, Братислава и [[Љубљана]] во ова време најпрво беа германски и покрај тоа што беа опкружени со територии на кои се зборуваа други јазици.
Ред 102:
=== Реформата од 1996 година и потоа ===
 
[[Германска правописна реформа од 1996|Германската правописна реформа од 1996]] година доведе до јавни контроверзни и значајни расправи. Некои државни парламенти (сојузни држави, како [[Северна Рајна-Вестфалија]] и [[Баварија]]) не сакаа да ја прифатат. Во еден момент расправијата пристигна до највисокиот суд, кој даде кратко изјаснување, потврдувајќи дека државите треба да одлучат сами за себе и дека реформата ќе биде официјално правило само во училиштата, а секој друг ќе продолжи да пишува онака како што претходно има научено. Десет години подоцна, без никакви интервенции од страна на федералниот парламент, главната преработка беше внесена во [[2006]] година, пред почетокот на учебната година. Некои традиционални правописи, конечно беа поништени во [[2007]] година. Единствениот сигурен и лесен знак за распознавање дали текстот е во согласност со реформата е ss (сс) на крајот од зборовите како што се dass и muss. Класичниот правопис го забранува овој завршеток, а наместо користи daβ i muβ.
 
=== Стандарден германски ===
 
Стандардниот германски не потекнува од традиционалните дијалекти во одредени региони, туку од пишаниот јазик. Сепак, постојат места во кои традиционалните регионални дијалекти биле заменети со стандарден германски, ова е случај во големи делови од [[Северна Германија]], но и во голем број градови во други делови од земјата.
 
Стандардниот германски се разликува регионално меѓу земјите во кои се зборува во зборовниот фонд и некои разлики во изговорот, дури и во граматиката и пишувањето. Оваа варијација не смее да се помеша со варијацијата на локалните дијалекти. Иако регионалните варијации на стандардниот германски примиле некој одреден степен на влијание од локалните дијалекти, тие се многу различни. Со тоа, германскиот се смета за плуралистичен јазик. Зависно од ситуацијата, зборувачите во повеќе региони употребуваат мешавина од многу дијалектни и стандардни варијанти.
Ред 122:
== Германски како странски јазик ==
 
Германскиот, по шпанскиот, е трет најизучуван странски јазик во земјите во кои се зборува Англиски. Германскиот е главен јазик во Европа, со околу 90-95 милиони говорници (200), или 13,3% од сите Европејци, е вториот најзборуван мајчин јазик во Европа, по рускиот, пред францускиот (65 милиони говорници во 2004 година) и англискиот (64,2 милиони говорници во 2004 година). Според тоа, германскиот јазик е прв најзборуван јазик во Европската унија, а втор странски јазик кој најмногу го знаат граѓаните од Европската унија. Тој е еден од официјалните јазици во Европската унија и еден од трите јазици со кои се служи [[европска комисија|Европската комисија]], покрај англискиот и францускиот. Триесет и два проценти од граѓаните од петнаесет земји од Европската унија, велат дека можат да разговараат на германски (без разлика дали како мајчин, втор или странски јазик). Ова е потпомогнато од широката распространетост и достапност на германскиот преку кабелските или сателитските телевизии. Германскиот беше и останува лингва франка во средна, источна и јужна Европа.
 
== Дијалекти ==
 
Германскиот е дел од западната група јазици од германската јазична фамилија, што е дел од индоевропската група. Германскиот дијалектен континиум, традиционално е поделен на висок германски и низок германски.
 
Варијацијата меѓу германските дијалекти е различна, но соседните дијалекти се разбирливи меѓусебно. За луѓето кои го знаат само стандардниот германски, некои дијалекти не се разбирливи. Сепак, сите германски дијалекти припаѓаат на дијалектниот континиум од висок германски и ниските саксонски јазици.
Ред 132:
=== Низок германски ===
 
Средниот низок германски беше лингва франка на [[ханзашка лига|Ханзашката лига]]. Тој беше доминантен јазик во Северна Германија. Ова се промени во шеснаесеттиот век кога во [[1534]] година беше испечатена Библијата од страна на Мартин Лутер. Овој превод се смета дека е важен чекор напред кон еволуцијата на раниот нов висок германски. Целеше кон тоа да биде разбирлив за странскиот аудиториум и се засноваше најмногу врз централните и повисоките германски варијации. Раниот нов висок германски стана попрестижен од нискиот саксонски, станувајќи јазик на науката и литетатурата. Во тоа време, најмоќните германски држави се наоѓаа во Средна и Источна Германија.
 
Осумнаесеттиот и деветнаесеттиот век беа обележани со масовно учење на стандардниот германски во училиштата. Нискиот саксонски полека беше потиснуван, тој не беше ништо друго освен јазик кој необразованите луѓе го зборуваа дома. Денес, нискиот саксонски може да се подели на две групи: нискосаксонски варијанти со умерен прилив на стандарден германски и варијанти од стандарден германски со нискосаксонско влијание познат како [[мисингш]]. Понекогаш варијантите на нискиот саксонски и нискиот франконски се групираат заедно, бидејќи двата не се засегнати од консонантската промена на високиот германски. Сепак, делот од населенето способен да го зборува и одговара или да го разбира, од Втората светска војна па до денес постојано расте.
Ред 144:
Повисоките германски дијалекти ги вклучуваат: северниот австробаварски, централниот австробаварски, јужниот австробаварски, швабски, источниот франконски, високиот алемански германски, највисокиот алемански германски и нискиот алемански германски. Тие се зборуваат во делови од јужна Германија, Лихтенштајн, Австрија и во деловите во кои се зборува германски во Швајцарија и Италија.
 
[[Вимисорис]] е висок германски дијалект во Полска, а [[затмариш]] и [[зибенбургиш]] се високи германски дијалекти во Романија. Варијантите на високиот стандарден германски јазик кој го зборувале [[Ашкенази]] [[Евреи]]те (најмногу во поранешниот [[Советски Сојуз]]) имаат неколку оригинални обележја кои најчесто се сметаат како одделен јазик, [[јидиш]]. Тој е единствениот германски јазик кој не ја користи латинската азбука и нејзиното стандардно писмо.
 
=== Германските дијалекти наспроти варијантите на стандардниот германски ===
Ред 161:
 
Германските именки флектираат во:
Еден од четирите падежи: номинатив, генитив, датив и акузатив.
* Еден од трите рода: машки , женски или среден. Понекогаш, именските завршетоци го откриваат граматичкиот род на именката. На пример, именките кои завршуваат на: унг (-ung), шафт (-schaft), кајт (-keit) или хајт (-heit) се именки од женски род, додека именките кои завршуваат на хен (-chen) или лајн (-lein) (деминутивни форми) се од среден род, а именките кои завршуваат на измус (-ismus) се од машки род.
* Имаат два броја: еднина и множина.
И покрај тоа што, најчесто Германскиот се наведува како одличен пример за високо флексивен јазик, степенот на флексија е помалку застапен отколку во стариот Германски или во другите Индо-европски јазици како што се : Латинскиот, Старогрчкиот или Санскритот, или на пример во современиот Ирски или Руски. Со четири падежи и три рода, плус множината, постојат 16 можни различни комбинации од падежи и пол/број, но во моментов постојат само шест форми на определен член, кој е искористен за шестнаесетте можности. Флексијата по падеж на самата именка, е потребна во еднината кај силните именки од машки или среден род во генитивот или понекогаш во дативот. Двата од овие случаи го губат начинот да бидат заменети во неформалниот говор. Дативниата наставка во многу контексти се смета за нешто што е застарено и често се отфрла, но сéуште се користи во неформалниот говор и пишаниот јазик. Слабите именки од машки род, споделуваат заеднички падежни наставки за генитив, датив и акузатив во еднината. Именките од женски род не се деклинираат во еднината. Множината има флексија во датив. Сé на сé, во Германскиот постојат седум флексивни наставки (неброејќи ги оние за множина) :-с (-s), -ес (-es), -н (-n), -нс (-ns), -ен (-en), -енс (-ens), -е (-e).
<br />
Во германскиот правопис именките и повеќе зборови со синтетичка функција се пишуваат со голема буква, што на читателите треба да им олесни да откријат каква функција има зборот во реченицата (Am Freitag gehe ich einkaufen = Во петок одам да купувам). Ова е вообичаена оригинална практика во Германскиот јазик, иако тој е историски близок со други јазици како Дански и Англиски.
<br />
Како повеќе германски јазици, Германскиот создава именки сложенки каде првата именка ја определува категоријата дадена од втората именка, на пример: Strandtasche (Strand-плажа, Tasche-ташна ) торба за на плажа. За разлика од Англискиот во кој сложенки или комбинации од подолги именки често се пишуваат во отворена форма со празно место, Германскиот (како и другите германски јазици) скоро секогаш ја користи затворената форма без празни места, на пример Autobahn-автопат. Како и Германскиот, така и Англискиот овозможува произволни долги сложенки, но сепак тие се поретки.
<br />
Најдолгиот германски збор, кој е во употреба е :Rindfleischetikettierungsüberwachungsaufgabenübertragungsgesetz, кој значи: потпишан закон за надзорна должност на поплаки.
 
==== Флексија на глаголи ====
Глаголите во стандардниот Германски флексираат во:
Една од основните класи на конјугација, слаби и силни (како во Англискиот), всушност дополнително постои и трета класа позната како мешани глаголи, во која постои комбинациај од слаби и јаки структури.
* Три лица: прво, второ и трето.
* Два броја: еднина и множина.
* Три начини: индикатив, императив и конјуктив.
* Два залога: актив и пасив. Пасивот се дели на статичен и динамичен.
* Разликата помеѓу граматичките аспекти е изведена со комбинирана употреба на конјуктив и/или претеритум, со што никој или и двата се во индикативен залог. Како самостоен конјуктивот искажува информација од втора рака, конјуктивот заедно со претеритум формира кондиционална реченица, а претеритумот самостојно изразува едноставен индикатив (во минато време) или фукционира како (буквална) алтернатива за информација од втора рака.
* Разликата помеѓу перфективниот и прогресивниот аспект во секоја развојна фаза е продуктивна категорија од постариот јазик и во скоро сите документирани дијалекти, но денес е ригорозно исклучен од пишана употреба во неговата нормализирана форма.
* Разјаснување на комплетните наспроти некомплетнитеформи .
 
==== Глаголски префикси ====
 
Значењето на основните глаголи може да биде објаснето и некогаш радикално променето преку употребата на одреден број префикси. Некои префикси сами по себе имаат одредено значење. Префиксот zer-- (-цер) се однесува на разделување на нештата, како во глаголот зерсцхнеиден (сечи). Употребата на префиксот ver - (-фер) се среќава во бројни глаголи со голем број различни значења, на пример: versuchen (се обидува), verteilen (разнесува), verstehen (разбира).
<br />
Други примери ги вклучуваат: haften (лепи), verhaften (задржува), kaufen (купува), verkaufen (продава), fahren (вози), erfahren ( (да искуси).
Ред 195:
==== Збороред ====
 
Генерално, збороредот е помалку ригорозен отколку во современиот Англиски. Постојат два вообичаени зборореди, еден за главните реченици, а друг за споредните реченици. Во нормалните исказни реченици глаголот секогаш се наоѓа на втора позоција, а во прашања, извици и желби се наоѓа на прва позиција. Во споредни реченици глаголот треба да се појавува сосема на крајот , но често во говорот ова правило не се почитува.
Германскиот бара глаголскиот елемент (главен или помошен глагол) во реченицата да се појавува на втора позиција. Елементот на главниот интерес се појавува на крајот од реченицата.
<br />
Der alte Mann gab mir gestern das Buch. (Стариот човек вчера ми ја даде книгата. нормален ред)
Das Buch gab mir gestern der alte Man. ( Книгата ми ја даде вчера стариот човек.)Das Buch gab der alte Mann mir gestern. ( Книгата ми ја даде стариот човек вчера.)
<br />
Gestern gab mir der alte Mann das Buch. (Вчера стариот човек ми ја даде книгата. нормален-ред)
Mir gab der alte Mann das Buch gestern. (Ми ја даде вчера стариот човек книгата.)
Ако во исказните реченици во Англискиот јазик подметот не се појави пред предикатот, реченицата може да биде погрешно разбрана. Ова не е случај во Германскиот јазик.
 
 
Ред 209:
 
Кога помошен глагол е во сегашно време , тој се појавува во втора позиција, а главниот глагол на крајот од реченицата. Ова е посебно забележително во создавањето на перфектот, со што сéуште се можни бројни зборореди. На пример:
Der alte Mann hat mir heute das Buch gegeben. (Стариот човек ми ја даде книгата денес)
Heute hat der alte Mann mir das Buch gegeben. (Денес стариот човек ми ја даде книгата)
 
==== Модални глаголи ====
Ред 222:
He knew not that the agent a picklock had make let.
===Зборовен фонд===
Голем дел од германскиот зборовен фонд потекнува од германската гранка од Индо-европската јазична фамилија, иако постојат помал број значајни зборови кои потекнуваат од Латинскиот и Грчкиот јазик, како и од Францускиот и во последно време од Англискиот. Истовремено, успешноста на Германскиот јазик во создавањето еквиваленти за странските зборови е одлична, со што Ноткер Лабео можеше да ги преведе монографиите на Аристотел на чист (стар висок) Германски во децениите после илјадитата година. Севкупно, Германскиот има помалку зборови-заемки од романските јазици, отколку што има Англискиот од Холандскиот јазик.
<br />
Ковањто нови, автохтони зборови на Германскиот му даде зборовен фонд, проценет на 40.000 зборови уште пред деветтиот век, во споредба со Латинскиот кој има пишана традиција од околу 2.500 години во империја која владееше со Медитеранот, кој денес нема повеќе од 45.000 зборови.
<br />
Дури и денес многу дискретни неакадемски движења се обидуваат да ја унапредат Ersatz (замената) на речиси сите странски со стари зборови, дијалектни или нови германски алтернативи. Се смета дека ова, исто така ќе помогне во ширењето на модерни или научни идеи помеѓу помалку образованите и со тоа ќе го демократизира и јавниот живот.
<br />
Современиот германски научен зборовен фонд има девет милиони зборови и зборовни групи (засновани на анализи од 35 милиони реченици од корпусот во Лајпциг , кој веќе во Јули 2006 година вклучи вкупно 500 милиони зборови.)
Ред 232:
=== Правопис ===
 
Германскиот јазик во пишувањето ја користи латинската азбука. Покрај 26-те стандардни букви има три самогласки со умлаут, имено ä, ö , ü, како и есцет (остро с),β.
Текстовите кои се напишани на Германски јазик се лесно препознатливи , како по умлаутите и одредени правописни правила-Германскиот е единствениот водечки јаизк во кој сите иманки се пишуваат со голема почетна буква, и честата појава на долги сложенки ( најдолгиот германски збор содржи 63 знаци).
 
=== Денес ===
Ред 243:
|превод=Ситe чoвeчки суштeствa сe рaѓaaт слoбoдни и eднaкви пo дoстoинствo и прaвa. Tиe сe oбдaрeни сo рaзум и сoвeст и трeбa дa сe oднeсувaaт eдeн кoн друг вo дуxoт нa oпштo чoвeчкaтa припaднoст.
}}
Пред германската реформа за правописно пишување од 1996 година , β ги замена -ss после долгите самогласки, двогласи (дифтовзи) и пред согласки, зборовни или делумни зборовни завршетоци. Во реформираното правописно пишување, β ги замена ss само после долги самогласки и двогласи. Пред да постои голема буква β, секогаш кога беше потребна голема буква се пишуваа големи SS. Исклучок е употрбата на β во правни документи и форми во кои се пишуваат имиња со голема почетна буква. За да се избегне забуна со слични имиња , ,,β,, се користи наместо ,,SS,, (па тогаш ќе биде:,,KREβLEIN,, наместо ,,KRESSLEIN,,). Големата буква β беше предложена и вклучена во Unicode (единствениот код), но сéуште не е признаена како стандареден Германски. Всушност β не се користи во Швајцрија.
<br />
Самогласките со умлаут (ä, ö, ü) често се транскрибираат со ае, ое и уе, ако умлаутите не се достапни на тастатурата. На истиот начин β може да се транскрибира со SS.. Германските читатели ги разбираат тие транскрипции (иако изгледаат невообичаено), но ако се достапни умлаутите тие се избегнуваат, бидејќи се сметаат за несоодветно правописно пишување. (Во Вестфален и Шлезвиг-Холштајн , постојат имиња на градови и семејства во кои дополнително е има продолжен ефект на самогласка, на пример:Raesfeld [ˈraːsfɛlt]Coesfeld [ˈkoːsfɛlt] i Itzehoe [ɪtsəˈhoː], но оваа употреба на буквата е после а/о/у не се појавува во денешниот правописен на чин на пишување зборови).
<br />
Не постои општа спогодба за тоа каде, во кои сортирачки делови се појавуваат овие умлаути. Телефонските дирекции ги заменуваат со основната самогласка по која следува е. Некои речници, го сортираат секој умлаут како посебна буква после основната самогласка, многу зборови со умлаут кои повеќе се користат се наоѓаат веднаш после истиот збор, без умлаут. Како еден пример во телефонскиот именик, Ärzte се појавува после Adressenverlage,, но пред Anlagenbauer (бидејќи Ä е преместена пред Ае). Во речник Ärzte доаѓа после Arzt, но во некои речници Äрзте и сите други зборови кои започнуваат на ,,Ä,, можат да се појават после сите зборови кои започнуваат на ,,А,,. Во некои постари речници, почетните Schi i St се сметаат како посебни букви и се наведени како одделни внесувања после С, но најчесто се сметаат како S+C+H i S+T.
<br />
За оние кои ги користат програмите на Microsoft Windows на своите персонални компјутери, кои немаат тастатури QWERTY за да пишуваат букви со умлаути, без разлика дали станува збор за случаи со голема или мала буква, или пак Есцет (β), следејќи ги инструкциите преку дугмињата со броеви како и дугмињата Num Lock и дугмето Alt, можат да ги пишуваат буквите со умлаут. (Тие можат да бидат алтернативни, зависно од софтверот кој се употребува.)
Кога сијаличката на дугмето Num Lock свети, се притиска на дугмето Alt и потоа се внесува четирицифрен број, користејќи ги дугмињата со броеви. Знакот ќе се појави на екранот веднаш штом се ослободи дугмето Аlt.
<br />
Пишувањето буква ,,а,, со умлаут вклучува : пишување на четирицифрениот број 0228, што значи: (вклучена светилка на) Num Lock + (притиснато дугме) Аlt + (рачно венесени) 0228 и ослободување на дугмето Аlt. ) Четирицифрените броеви и другите знаци кои се користат за пишување самогласки со умлаут се : 0196 за голема буква А со умлаут (Ä), 0214 за голема буква О со умлаут (Ö), 0220 за голема буква со У со умлаут (Ü), 0223 за Есцет (β), 0246 за мала буква о со умлаут (ö) и 0252 за мала буква у со умлаут (ü).
<br />
Слична спогодба може да се користи и кај воведните наводници (знаците за цитат) кои се наоѓаат под ,,маската,, на 99 (за разлика од Англискиот, во кој се наоѓаат под 66) на почетокот на реченицата со употреба на четирицифрениот број 0132 како во „Guten Morgen!”.
 
=== Во минатото ===
 
До пред раниот дваесетти век, Германскиот се печатеше најмногу во печатарски слогови со црни букви (најмногу во Фрактур, но исто така и во Швабахер) и се пишуваше со соодветен ракопис (на пример Карент и Шутерлин). Овие варијанти од латинската азбука беа многу поразлични од серивот или сана сериф Антиљуа печатени слогови кои денес се користат, а всушност ракописните форми се тешки за читање. Сепак, печатените форми беа утврдени за да бидат почитливи кога германските јазици се користат за печатење. Назис најпрво ги унапреди Фрактур и Швабахер, иако подоцна во 1914 година ги укина , тврдејќи дека овие букви биле еврејски. Фрактурскиот ракопис останува присутен во секојдневниот живот преку сообраќајните знаци, знаците кои водат до пабови, пивски брендови и други форми на реклами, каде што се употребени да изразуваат одредена рустикалност и старост.
<br />
Соодветната употреба на долгото c (langes s) е многу важна за да се напише текст со фрактурски печатарски слогови. Исто така многу Antiqua печатарски слогови го користат долгото ц. Постои специфичен збир од правила кои се применуваат за употребата на долгото c во германските текстови, но ретко се користат во Antiqua. Кој било случај на ниско ц во почетокот на слогот би можело да биде долго с, како спротивност на завршниот слог с или кратко с (најчестата варијанта на буквата с), која го означува крајот на слогот, на пример во разликувањето на зборовите Wachtube i Wachstube .
 
 
Ред 275:
|-
|}
Кратко /ɛ/ се реализира како [ɛ] во нагласени слогови (вклучувајќи го и акцентирањето на вториот слог) , а како [ə] во ненагласени слогови. Треба да се забелжи дека нагласеното кратко /ɛ/ може да се пишува и со е и со ä. Општо земено, кратките самогласки се отворени, а долгите затворени. Единствениот исклучок е отворениот звук /ɛː/ oд долгото Ä во некои варијанти од Германскиот, /ɛː/ и /eː/ се претопуваат во [eː], отстранувајќи го овој недостаток. Во тој случај паровите како Bären/Beeren (мечки/зрнести плодови) или Ähre/Ehre (жито или пченица/почит) стануваат хомофонични (истозвучни). Во повеќе варијанти од стандардниот Германски , ненагласено /ɛr/ не се изговара како [ər], туку како вокално [ɐ].
Сéуште не е целосно предвидено дали одредена самогласка претставува кратка или долга фонема, ико постојат следниве правилности:
* Ако самогласката се наоѓа на крајот од слогот или после неа следува една согласка, најчесто се изговара како долга (на пример: Hof[hoːf]) .
* Ако по самогласката следува двојна согласка (на пример ff, ss или tt) ck, tz или консонантски кластер (група) (на пример st или nd), скоро секогаш се изговара кратко (на пример: hoffen [ˈhɔfən]). Двојните согласки се користат само за оваа функција, продолжените самогласки да ги означат како кратки. Согласката сама по себе никогаш не се изговара продолжено или удвоено.
И двете од овие правила имаат исклучоци. На пример: и покрај првото правило hat [hat] ,,has’’ има краток изговор, a Mond [moːnt], 'moon и покрај второто правило има долг изговор. Не постои општо правило, за и кое не е ниту во комбинацијата ие (продолжувајќи го), ниту после него да следува двојна согласка или кластер (скратувајќи го). Во одредени случаи постојат регионални разлики: во Централна Германија (Хесен), о во сопственото име,,Hoffman,, (Хофман) се изговара долго, додека многу други Германци би го изговориле кратко. Истото се применува и на е во географскиот назив,,Mecklenburg,, (Мекленбург) за луѓето во тој регион. Зборот Städte (градови) некој (Жан Хофер, Телевизија АРД) го изговара со кратка самогласка [ˈʃtɛtə] , а друг (Мариета Сломка, ЗДФ Телевизија) со долга самогласка [ˈʃtɛːtə]. Сé на сé, самогласката после која следува ch може да биде кратка (Fach [fax], Küche[ˈkʏçə] ]кујна) или долга (Suche [ˈzuːxə] bara, Bücher[ˈbyːçər] книги). Според тоа Лацхе е хомограф: Lache [laːxə] пудлица и Lache [laxə] начин на смеење.
Германските согласки можат да ги формираат следниве диграфи (во пишувањето) и дифтонзи (во изговарањето). Забележете дека изговорот на некои од нив (ei, äu, eu) е многу поразличен од она што се очекува имајќи ги предвид буквите од кои се составени.
{| class="wikitable"
Ред 288:
|-
|}
Дијаграфот ie,, генерално ја претставува фонемата /iː/ која не е дифтонг. Во повеќе варијанти /r/ на крајот на слогот се вокализира, но сепак појавата на самогласка по која следува вокализирано /r/ не се смета за дифтонг: Bär[bɛːɐ̯] мечка, er [eːɐ̯] тој, wir [viːɐ̯] ние, kurz [kʊɐ̯ts] кратко, Wörter [vœɐ̯tɐ] зборови.
<br />
Во повеќе варијанти од стандардниот Германски имаат предност основите на зборовите кои започнуваат на самогласка .
=== Согласки ===
Со приближно 25 фонеми, германскиот консонантен систем експонира просечен број на консонанти во споредба со други јазици . Една од најзабележителните е невообичаеното африкативно /p͡f/. Консонатскиот попис на стандардниот Германски е прикажан во табелата подолу.
{| class="wikitable"
|-
Ред 311:
|}
 
* /x/ има два алофони, [x] i [ç], во зависност од тоа дали се наоѓа во предни или задни самогласки.
* /r/ има три алофони во слободни варијации: [r], [ʁ] i [ʀ]. Во завршетокот на слогот, алофонот [ɐ] се јавува во многу варијанти.
* Звучните /b/, /d/, /ɡ/ се обезвучуваат во /p/, /t/, /k/ кога се наоѓаат во завршна позиција на зборот.
* Безвучните /p/, /t/, /k/ се аспирантни, освен кога се предводени од сибилант.
* Таму каде што нагласениот слог започнува на самогласка, самиот слог е предводен од [ʔ]. Бидејќи присуството на [ʔ]. се подразбира од контекстот, не се смета за фонема .
* /d͡ʒ/ i /ʒ/ јавуваат само во зборови од странско потекло
 
=== Изговор на согласките ===
 
* C (c) сама по себе не е германска буква. Во позајмените зборови најчесто се изговара [t͡s] (пред ä, äу, е, и, ö, ü, ѕ) или [k] Ќ (пред a, o, u и согласки). Комбинацијата ck, како и во Англискиот се користи да укаже на тоа дека претходната самогласка е кратка.
* Ch се појавува многу почесто и се изговара како [ç] ( (после ä, ai, äu, e, ei, eu, i, ö, ü и согласки, во деминутивниот суфикс - chen,, на почетокот на зборот ) или [x] (после a, au, o, u). Ch никогаш не се појавува на почеокот на вистински германски збор. Не постои единстевен договор за изговарањето на цх кога се наоѓа на почетокот на зборот. На пример, зборот Chemie (хемија) може да се изговори: [keːˈmiː], [çeːˈmiː], или [ʃeːˈmiː] во зависност од дијалектот.
* Dsch се изговара [d͡ʒ] ( како ј во Jungle), но се појавува и во неколку заемки.
* F се изговара како [f] во father, (татко).
* H на почетокот на слогот се изговара [h] како вo home (После самогласка е безвучна и само ја продолжува самогласката.
* Ј се изговара [j] во германските зборови ("Jahr" [jaːɐ]). Во поновите заемки, повеќе или помалку се следи изговорот онаков каков што е во јазикот од кој потекнува зборот.
* L секогаш се изговара [l],а никогаш *[ɫ] (англиското ,,темно Л,,)
* Q постои само во комбинација со u и се појавува и во германските и латинските зборови ("quer"; "Qualität"). Диграфот qu се изговара [kv].
* R најчето се изговара како грлен глас ( нагласено увуларно фрикативно [ʁ] или увуларно [ʀ]) наспроти самогласка или согласка ("Rasen" [ˈʁaːzən]; "Burg" [buʁk]). Сепак, во говорениот Германски најчесто се вокализира после самогласка ("er" почесто се изговара како [ˈɛɐ] —"Burg" [buɐk]). Во некои варијанти р се изговара како ,,јазично,, r (алвеоларно [r]).
* С во Германскиот се изговара [z] (како во "Zebra"), ако се наоѓа на почетокот на слогот (на пример во Sohn [zoːn]),или пак [s] (на пример: Bus [bʊs]). Во Австрија и Швајцарија секогаш се изговара [s] SS [s] укажува на тоа дека претходната самогласка е кратка. St и Sp на почетокот на зборови од германско потекло се изговараат [ʃt] i [ʃp], соодветно.
*β β (буквата која ја има само во Германскиот , наречена ,, scharfes s,, или Есцет) е поврзување на две соседни букви s и sz и секогаш се изговара [s]. Подолго време ги заменува сс на крајот од слогот или зборот ( на пример "ich muss" → "ich muß"; "ich müsste" → "ich müßte"). Во зборот се контрастира со ss [s] , укажувајќи на тоа дека претходната самогласка е долга. Употребата на β беше ограничена од страна на последната германска реформа за правописно пишување и долго време не се употребува на местото на сс после кратки самогласки ( на пример ich muß i ich müßte секогаш се изговараа со кратко U/Ü). Швајцарија и Лихтејнштајн ја укинаа уште во 1934 година.
* Sch се изговара [ʃ] (како ,,sh,, vo Shine).
* Tion во латинските заемки се изговара [tsion].
* V се изговара [f] во зборови со германско потекло (на пример Vater [ˈfaːtɐ]) и [v] во повеќето други зборови (на пример Vase [ˈvaːzə]).
* W се изговара [v] како во англискиот збор ,,vacation ( на пример was [vas])
* Y се појавува само во заемки и вообичаено се смета за самогласка.
*Z Z секогаш се изговара [t͡s] (на пример zog [t͡soːk]). Tzu укажува на тоа дека претходната самогласка е кратка.
 
=== Промена на согласките ===
Германскиот јазик нема некои дентални фрикативи (како Англискиот што го има th). Гласот тх кој Англискиот јазик сéуште го има, ,,преживеал,, во Стариот висок Германски и потоа исчезнал во Германскиот јазик со промената на согласките помеѓу осмиот и десеттиот век. Некогаш е можно да се најде паралела помеѓу Германскиот и Англискиот јазик, со заменување на англиското th со d во Германскиот. Thank на германски Dank, this на германски dies, that на германски das, thou (стара лична заменка за второ лице еднина) на германски du, think на германски denken, thristy на германски durstig и многу други примери.
<br />
Исто така, gh во германско-англиските зборови, изговорено на неколку различни начини во современиот Англиски (како ф ), често може да се поврзе со германското ch: to laugh-lachen, through i thorough-durch, high-hoch, naught-nichts и така натаму.
Ред 345:
 
=== Германскиот е сроден јазик со Англискиот ===
Голем дел од англискиот зборовен фонд е сроден со германските зборови, иако заедничкото потекло може да биде прилично неразбирливо поради бројните промени во фонетиката (на пример промената на согласките во високиот Германски), значење и правопис.
<br />
На пример:
Промената на p→ff во високиот Германски доведе до некакво сродство на гермаскиот Schiff и англискиот ship
 
=== Зборови позајмени од страна на Англискиот јазик ===
Англискиот има земено многу заемки од Германскиот и тоа најчесто без никакви промени во пишувањето.
{| class="wikitable"
Ред 437:
 
=== Промоција на Германскиот јазик ===
Употребата и изучувањето на Германскиот јазик се промовираат од страна на бројни организации. Институтот Гете (именуван според познатиот германски автор Јохан Волфганаф фон Гете) кој е поддржан од Владата, цели кон тоа да го подобри познавањето на германската култура и јазик во европски рамки и низ светот. Ова се прави со одржување изложби и конференции со теми кои се поврзани со Германија и обезбедување пракса и туторство во изучувањето и употребата на Германскиот јазик. На пример, во Институтот Гете се предава Гете-сертификатот за квалификација за Германски јазик .
<br />
Германската државна радио-телевизија Дојче Веле (Deutsche Welle) е еквивалент на британскиот Би-Би-Си Ворлд Сервис (BBC World Service) и овозможува радио и телевизиски пренос во Германија и многу други земји во светот.
 
=== Користени извори ===
<references />
* Мајкл Клајн , Германскиот јазик во променлива Европа (1995 год.) ISBN 0-521-49970-4
* Џорџ О. Кјурми, Граматика на Германскиот јаизк (1904, 1922 год.)
* Ентони Фокс, Структурата на Германскиот јазик (2005 год.) ISBN 0-19-927399-5
* Рут Х. Сандерс, , Германски јазик: Биографија на јазикот (Издание од Универзитетот Оксфорд, 2010 год.) 240 страни. Комбинира историски, лингвистички и антрополошки перспективи во ,,биографијата,, на Германскиот.
* Институтот Гете: Организација спонзорирана од Владата, за промовирање на Германскиот јазик и култура.
* Он-лајн курс по Германски јазик: Он-лајн курс по Германски јазик кој вклучува часови кои ги опфаќаат изговорот, зборовниот фонд и граматиката.
* Германска книга со фрази на Викитравел (Њикитравел).
* Речниците ,,Лео,,: Портал на Германски јазик кој вклучува: германско-англиски, германско-француски, германско-шпански, германско-италијански, германско-кинески и германско-руски речници, со форуми и опција за пребарување.
* Бесплатен курс по Германски јазик.
 
== Поврзано ==
Ред 599:
[[mhr:Немыч йылме]]
[[uz:Nemis tili]]
[[pa:ਜਰਮਨ ਬੋਲੀਭਾਸ਼ਾ]]
[[pfl:Daitschi Sprooch]]
[[pnb:جرمن]]