Санаториум (музичка група): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 5:
После издавањето на албумот "[[На работ на разумот (албум)|На работ на разумот]]", тргнуваат на турнеја низ Балканот и соседните земји, од каде произлегува и вториот снимен материјал наречен "Live in Hungary", како и видео од истиот настап. Во [[1996]] година го реализираат третиот албум наречен "[[No more (албум)|No More]]", комплетно испеан на англиски јазик, освен бонус песната која е на македонски. После издавањето на албумот престојат низа концерти низ [[Европа]].
 
Деби албумот "На работ на разумот" е снимен и миксуван во М-2 студиото на [[МРТВ]] во периодот април-ноември [[1992]]. Вториот материјал "Live in Hungary" е сниман во [[Сегедин]] ([[Унгарија]]) во декември [[1992]] година. Третиот албум "[[No More (албум)|No More]]" е сниман и миксуван во City Sound Studio во [[Скопје]], од ноември [[1995]] до април [[1996]] година. Во август [[2000]] година, по подолга пауза САНАТОРИУМ настапуваат на фестивалот METAL 2000 во [[Софија]] заедно со легендите [[Motorhead]]. Забележителен настап имаат и на фестивалот [[Таксират]] 2 на 25.11.2000 година. На 16.6.2001 го промовираат своето ново CD кое го содржи комплетниот материјал од првиот албум "[[На работ на разумот (албум)|На работ на разумот]]" дополнет со две нови песни, снимени во студиото на [[Дарко Димитров]], како и три концертни снимки.
 
Потоа следат настапите за промоција на албумот низ градовите во [[Република Македонија]], како и концертите со [[Slayer]] и [[Halford]] во [[Софија]] ([[Бугарија]]) и со [[Soulfly]] во [[Белград]] ([[Србија]]). Во моментот тие работат на нивниот следен албум.