Лазар Колишевски: Разлика помеѓу преработките

Југословенски политичар (1914 - 2000)
Избришана содржина Додадена содржина
Ev-la (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
(нема разлика)

Преработка од 13:42, 29 јануари 2006

Лазар Колишевски (Св. Николе, 1914 - Скопје, 2002) бил првиот претседател на Владата на Демократска Федеративна Македонија, избран на Третото собрание на АСНОМ на 16 април 1945 година.

Во 1935 година се зачленил во Комунистичката партија на Југославија во која вршел различни задачи. Во 1941 година се вратил во Македонија да го подготвува востанието против фашистичкиот окупатор.

Во 1941 год. бил уапсен од бугарската окупаторска власт и на судскиот процес во Охрид заедно со уште неколкумина Македонци бил осуден на смрт. Набрзо смртната казна му била заменета со доживотен затвор и целото време на војната го минал во затворите во Бугарија. Бил ослободен на 9 септември 1944, по капитулацијата на Бугарија и доаѓањето на власт на Отечествениот фронт.

По своето ослободување, Колишевски се вратил во Македонија каде ја презел функцијата секретар на Комунистичката партија на Македонија, на која бил избран во отсуство, на 19 март 1943 година.

Лазар Колишевски бил на различни државни и партиски функции, при што имал голема улога во политичките настани и општествените процеси во СФРЈ.