Образование: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
LaaknorBot (разговор | придонеси)
с Робот: Додава se:Skuvlejupmi
с r2.7.3) (Робот: Додава as:শিক্ষা; козметички промени
Ред 5:
 
Образованието е процес со кој општеството ги пренесува акумулираните [[знаење|знаења]], [[вештина|вештини]] и вредности од генерација на генерација. Во античките општества, образованието било достапно само на мал број луѓе. Верските великодостојници, често биле единствените кои го разбирале [[азбука|писмото]]. За повеќето, учењето претсавувало земање пример од постарите. Било вообичаено децата уште од мали да помагаат во домашните работи, во работата на поле или пак во занаетчиската работа. Читање не било потребно, ниту корисно. Друга причина за нечитањето е тоа што сите [[текст]]ови биле рачно умножувани, а тој процес бил долг и тежок.
[[Печатење|Печатењето]]то влегло во Европа преку Кина. Пронаоѓањето на машината за печатење во [[1454]] го олeснило умножувањето на текстовите. Ова довело до повисоко ниво на писменост.
 
Образованието во својата модерна форма, која вклучува обука во посебно изградени објекти, почнало да се развива постепено. И покрај тоа до пред 150 години децата на побогатите имале приватни [[учител]]и. Поголемиот број од населението немале никакво образование до првите децении од 19 век, кога во [[Европа]] и [[САД]] почнал да се воведува системот на [[основно училиште]]. Процесот на индустријализација и експанзија на градовите предизвика потреба за специјална [[едукација]]. Луѓето денес работат во многу [[професија|професии]] и користат разни стручни знаења, па затоа не е можно пренесување на знаењето од родителите на децата. Повеќето е истакнато апстрактното учење на некои дисциплини, а не како порано практично пренесување на некои специфични вештини. Веќе долго време, особено во развиените западни земји, е присутно домашното образование како алтернативно формално образование.
Ред 12:
 
 
=== Општествена образована зависност ===
Образованието има важна функција во секое општество. Поради важноста на образованието секоја [[влада]] сака да ја дефинира својата концепција и содржина, за секој поединец да ги прифати вредноста и нормите на системот. Поради тоа [[држава]]та обезбедува финансирање на образованието. Покрај тоа, во однос на содржината, се обиде да утврди социјалните норми и вредности и да се изгради свест за припадност кон својата [[заедница]], [[општествена група]], [[религија]].
 
Преку едукација и исто така се развиваат чувства за сопствената [[култура]], почитување на принципите и солидарноста. Преку школување се обликува свеста и гледиштето на поединецот, кога станува збор за процеси во општеството и системот на [[власт]]а. Сите образовни системи се базираат на познавање на [[историја]]та на општеството. [[Институционализација]]та на образованието и покрај тоа што врз основа на усвојување на збир од правила и социјални вредности, се огледува и во знаења и вештини кои поединецот ги совладува во процесот на [[обука]]та. Преку силен образовен систем се менува структурата на општеството, на [[семејство]]то и [[професија]]та. По Талкот Парсонс училиштето е мост меѓу семејствата и општеството како целина. Училиштето го подготвува детето за неговата улога. Образованието е всушност израз на социјалниот систем. Тоа денес значи еднакви шанси кои отвараат можност за менување на положбата кај некои поединци кои ја стекнале со раѓање или наследство. Тоа е многу важно за социјалнен престиж, власт и моќ. Стекнатите знаења и образовните вештини се многу применливи и корисни во практичниот живот. Иако лицата се стекнуваат со знаењата индивидуално тоа е богатство на сите луѓе во општеството.
 
== Социолошки теории на образованието ==
Сите теории на образование се во договор за неговата голема важност, но тие даваат различни објаснувања и предлози:
 
=== Функционална теорија ===
Според овие претставници на социјализацијата функција на образованието е најважна. На пример, [[Емил Диркем]] верува дека училиштето е мост меѓу поединецот и општеството. Според него, современите општества се хетерогени, со развиена поделба на трудот, настапуваат многу различни лица. Во оваа разновидност, која не може да се спречи потребно е да се донесат некои количини на [[хомогеност]], еднаквост, за да се осигура [[интеграција]]та на општеството.
 
Ред 30:
Баш тука детето ја учи разликата што е многу важно да се подготви за иднината. Од гледна точка на социјализација, образованието не подразбира само пренос на вредности и норми на општеството, но, според Парсонс таму се учат најважните правила на животот.
 
=== Манифестна функција на училиштата ===
Манифестната функција на училиштата се состои во следното:
*- Пренос на културните традиции и [[социјализација]]та
Ред 47:
Формалното образование ги чува младите луѓе на пазарот на трудот, а со тоа предизвикува намалување на невработеноста и спречување на конкуренција помеѓу младите и возрасните за работа
 
=== Конфликтни теории за образованието ===
Овие теории ја нагласуваат улогата на училиштата во репродукцијата и легализација на постојните друштвени односи. Училиштето не го гледаат како можност да се изградат духовни способности на поединецот и на подемот на друштвената скала, туку како друштвен механизам за одржување на системот на друштвената стратификација. Генерално се смета дека во училиштето е најважна идеолошкиот апарат на државата во капитализмот.
 
Ред 54:
Во конфликтни теории, може да се издвои како важен принцип на коресподенција (спогодба). Односите во училиштето се складни (коресподентни) во однос на работното место. Децата во училиште се подготвуваат за своите улоги во пазарот на трудот. Авторитарната структура на училиштето е слична на бирократската структура на компанијата и во двете позитивно се вреднува: напорна работа , послушност , подложност. Постои уште една сличност: На училиште не се учи за знаење туку за оцена, а возрасните не работат затоа што ја сакаат својата работа туку дека се мотивирани само со плата. Училишната скриени програма има за цел суптилно да ги обликува децата по барањата на владините институции. Наставниците ги обликуваат особините кои се во склад со стандардите на средната класа ( совесност, одговорност, сигурност, самоконтрола , ефикасност). Од учениците се бара да бидат точни, тивки, да го чекаат својот ред, да се прилагодат со барањата на групата.
 
== Историја ==
 
[[Платон]] е првиот голем [[филозоф]], кој го даде своето толкување на образованието. Тој го видел образованието, како клуч за креирање и одржување на неговата држава. Тој се залагал девојчињата и момчињата да го добијат истото основно образование, и да имаат еднакви права. [[Основно образование|Основното образование]] требало да се состои од гимнастика и музика која ќе изгради хармонична личност.
На возраст од 20 години, би се правела селекција. За најдобрите би биле обезбедени повеќе напредни студии по математика, геометрија, астрономија, и хармонија. [[Високо образование |Високото образование]] ќе траело 10 години, и тоа ќе било за оние кои имаат интерес за науката. И кога ке наполнат 30 години, ќе постоел уште еден избор, а оние кои ги исполнуваат условите, би учеле [[дијалектика]], [[метафизика]], [[логика]] и [[философија]] наредните пет години, а потоа би завземале позиции во војската на 15 години, и на 50 години би имале комплетно теоретско и практично образование.
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
 
[[Категорија:Образование|*]]
Ред 69 ⟶ 68:
[[ar:تعليم]]
[[an:Educación]]
[[as:শিক্ষা]]
[[ast:Educación]]
[[az:Təhsil]]