Фудбалски Лига куп на Англија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.3) (Робот: Менува bg:Купа на Футболната лига (Англия); козметички промени
Ред 3:
=== Фудбалскиот Лига Куп ===
, попознат како Лига Куп или по моменталното спонзорство Карлинг Куп, е англиско фудбалско натпреварување. Како и ФА Купот, се игра по нокаут систем (систем на испаѓање). За разлика од ФА Купот каде што 762 клуба влегоа во 2008-09, овде само 92 клуба може да влезат, 20-те клуба од Премиер лигата и 72 клуба од Фудбалската лига која го организира натпреварувањето. Исто така за разлика од ФА Купот, полуфиналињата се играат во две кола. Победниците се квалификуваат за Лига Европа на УЕФА, доколку тие не се квалификувале во европско натпреварување преку Премиер лигата или со освојување на ФА Купот. Ако ова се случи, тогаш местото во Лига Европа оди кај највисоко пласираниот тим во Премиер лигата кој сеуште не се квалификувал во Европа. Манчестер Јунајтед се моменталните шампиони.
Од 1982, Лига Купот е именуван по неговиот спонзор, давајќи ги следниве имиња:
• Милк Куп (1982 до 1986) спонзориран од страна на Милк маркетинг бордот
• Литлвудс Челинџ Куп (1986 до 1990) спонзориран од Литлвудс
Ред 10:
• Вортингтон Куп (1998 до 2003) спонзориран од Вортингтон Дрот Битер
• Карлинг Куп (2003 до 2012) спонзориран од Карлинг
Иако Лига Купот е еден од трите главни домашни трофеи што може да се освојат од англиските лигашки тимови, поголемите клубови го сфаќаат како помалку приоритетен отколку првенството и ФА Купот. Дискутабилно, тој достигна ниска точка во текот на крајот на милениумот, кога често беше нарекуван “Бевреден Куп” [1] или “Мики Маус Куп”. Некои клубови намерно изведуваат послаб состав во натпреварувањето создавајќи поверојатна шанса за елиминирање на гигантите од помалите клубови. Многу од најдобрите англиски состави, особено Арсенал и Манчестер Јунајтед, го користат натпреварувањето да им дадат на младите играчи драгоцено искуство во големите натпревари. [2] Сепак, како реакција на барањето на Арсен Венгер дека една победа во Лига Купот нема да ја изгаси неговата жед за трофеј, Алекс Фергусон го опиша трофејот како “пехар кој е вреден да се освои”. [3]
Женската лига има свој Лига Куп, кој е отворен за 36-те женски клубови во три дивизии на ФА Женската Премиер лига, иако женското натпреварување е регулирано од ФА, а не од Фудбалската Лига.
 
Ред 17:
 
Во текот на доцните 1950-ти, мнозинството од високите англиски клубови ги опремија нивните терени со рефлектори. Ова отвори можност да се искористат вечерите во делниците во текот на зимата. Лига Купот беше воведен во сезоната 1960-61 како натпреварување под рефлектори во средината на неделата. Во раните години од натпреварувањето, многу од најдобрите тимови одбија да земат учество. Целото членство на Лигата зема учество кога на победниците им ветија автоматски влез во Уефа купот.
Во последните 10 години, по реорганизацијата на европскиот фудбал и воведувањето на реструктуиран формат на Лигата на шампиони на Уефа, Лига Купот беше загрозен да го загуби местото во Уефа Купот за неговите победници. И покрај сѐ, тој се одржа и заедно со Франција се единствените нации на кои им се нуди место во Уефа Купот на нивните победници во вторите по ранг куп натпреварувања. Затоа задржува доволно значење и популарност, особено кај фановите на клубовите на кои Лига Купот им нуди реална шанса за квалификување во Европа.
Астон Вила беа воведните победници во 1960-61. Ливерпул го освоија купот во повеќе наврати со седум победи вклучувајќи четири последователни трофеи во почетокот на 1980-те. Тие комплетираа две трикратни освојувања на трофејот, во 1984 и во 2001 год. Моментални сопственици се Манчестер Јунајтед, кои во финалето во 2010 ги победија Астон Вила со 2-1.
Елиминирања на гигантите се паметат помалку во Лига Купот отколку во ФА Купот поради отсуството на нелигашки состави и фактот дека многу големи клубови играат со послаби состави кога се елиминирани. Сепак, имало неколку значајни потреси, како на пример кога составот Честер од четвртата дивизија го елиминираше со 3-0 шампионот на Лигата Лидс Јунајтед на патот до полуфиналето во 1974-75. Во 1995-96, Манчестер Јунајтед беа поразени со 3-0 на домашен терен од Јорк во второто коло во првиот натпревар, иако Јунајтед победија 3-1во вториот меч, сепак испаднаа со вкупни 4-3. Јунајтед исто така биле елиминирани од Саутенд Јунајтед и Ковентри Сити одделно во сезоните 2006-07 и 2007-08: во мечот против Саутенд тие избраа силен состав во кои беа Кристијано Роналдо и Вејн Руни, воведуваќи тренд кој тие го беа започнале. Во 2001-02, носителите на титулата, Ливерпул, беа поразени со 2-1 на домашен терен од Гримзби Таун. Гримзби забележа уште едно исфрлање на гигант во 2005 елиминирајќи го Тотенхем Хотспур.
Ред 75:
=== Телевизиска покриеност ===
 
БиБиСи и Скај Спортс се домашни радиодифузери. Од 2009-10 БиБиСи ќе емитува еден натпревар од секое полуфинале и финале во живо, а Скај Спортс ќе емитува најмалку еден натпревар од секое коло во живо, вклучувајќи го и финалето. Прегледите се емитувани на БиБиСи 1 и веб-страницата на БиБиСи Спорт.
Во неговите први години, покриеноста на натпреварувањето беше поделена меѓу БиБиСи и ИТВ, иако финалето беше обично на ИТВ (и беше емитувано само како преглед до 1984). Од 1988-89 до 2008-09, ИТВ беа единствените земски радиодифузери кои го покриваа натпреварувањето. Тие го емитуваа ексклузивно до 1996-97 кога Скај почна да го покрива, и ги доби ексклузивните права да го пренесува финалето во живо.
Во Австралија, два натпревари од секое коло, полуфиналињата и финалето се емитуваат во живо на Фокс Спортс. Во САД и Канада, натпреварите се пренесувани на Сетанта Спортс. Во Африка, Супер Спорт ги пренесува натпреварите, додека Тен Спортс и Тен Екшн+ го покриваат настанот во Индија и Пакистан. Во Скандинавија, натпреварите се пренесувани од Канал+.
 
[[Категорија:Англиски фудбал]]
Ред 85:
[[bn:ফুটবল লীগ কাপ]]
[[be-x-old:Кубак Футбольнай Лігі]]
[[bg:Купа на Футболната лига (Англия)]]
[[bg:Карлинг Къп]]
[[ca:Copa de la Lliga anglesa de futbol]]
[[cs:Anglický ligový pohár]]