Разлика помеѓу преработките на „Полимеризација“

Додадени 4.605 бајти ,  пред 7 години
с (r2.7.1) (Бот Додава: hu:Polimerizáció)
 
Биополимерите во иднина треба да добијат широка еколошка поддршка, бидејќи тие треба да ги заменат досегашните пластични материјали за амбалажа, заради нетоксичната и брзата деградација во природата.
== Полимери ==
 
Како што е нагласено уште на почетокот полимерите се органски соедниненија составени од долги молекуларни вериги. Кај молекулите на полимерот се разликува главна верига која содржи голем број на атоми, а најчесто се содржани и странични вериги чија должина по правило е многу помала од онаа на главната верига. Бидејќи главните вериги се многу долги и флексибилни, тие лесно се испреплетуваат.
Вообичаените полимери се составени од соединенија на јаглерод , меѓутоа полимери може да се добијат и од неоргански соединенија, како што се силикатите и силиконите. Има бројни природни полимери (протеин, целулоза, скроб итн.), но полимерните материјали кои се користат во индустријата и секојдневниот живот најчесто не се добиваат од природните полимери. Има два основни вида индустриски важни полимерни материјали: пластики и еластомери. Инаку, во практиката постои тенденција изразот пластика да се користи наместо полимер кога се зборува за полимерите применети за изработка на разни делови.
Пластиките се голема група различни синтетички материјали. Тие се поделени во две главни групи: термопластични и термостабилни, во зависност од нивното однесување при загревањето. За двете категории важна улога играат т.н. адитиви, кој овозможуваат подобрување на јакоста и крутоста, бојата и отпорноста на палење.
Еластомерите се полимери кои се карактеризираат со големо реверзибилно издолжување и единствено топлотно однесување. Тие еластично се деформираат во голема мерка кога се оптоварени и може да се вратат во правобитниот облик по растворувањето. Еластомерите може да се издолжуваат најмалку 100% , а често и преку 1000%. Еластомери се природнатаи синтетичката гума.
Пластиките се важни технички материјали поради многу причини. Тие се карактеризираат со најразлични особини. Во некои случаи се незаменливи со други материјали, а во многу случаи се јавуваат како релативно поевтини материјали. Нивната примена дава низа предности: намалување на масата, елиминирање на многу завршни операции при изработка на деловите, поедноставно составување на склоповите, намалување на буката, елиминирање на подмачкувањето итн. Поради тоа масовно се користат во многу индустриски гранки. Добар пример за приемната, која постојано расте, е автомобилската индустрија, каде за последните три децении во многу автомобили вградувањето на пластичните материјали е многу зголемено и за повеќе од 12 пати.
Тие многу се користат и во електротехниката и електрониката, најмногу поради нивните одлчни изолаторски особини.
 
== Спроводливи пластики ==
Анонимен корисник