Нова Каледонија: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [непроверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2) (Робот: Додава arz:نيو كاليدونيا |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 1:
'''Нова Каледонија'''
Нова Каледонија е посебна заедница на франција која се наоѓа југозапдно на Тихиот океан, 1500 км источно од Австралија и околу 20.000 км од Франција. Архипелагот, како дел од Малезискиот субрегион,ги опфаќа поголемите острови како Град Тер, Островите Лојалти, архипелагот Белеп, островот Пинес и многу други поодалечени островчиња. Островите Честерфилд се исто така дел од Нова Каледонија. Локалното население, Гранд Тер го нарекува карпата „ Л Кају“.
Нова Каледонија опфаќа површина од 18.576 км2. населението брои околу 256.275 жители. Главен град на оваа област е Нумеа.
'''Историја'''
Најраните траги на човечко присуство во Нова Каледонија датираат уште од периодот на Лапита. Лапита биле многу добро обучени навигатори и агрономи, кои имале огромно влијание на поголемиот дел од Тихиот Океан.
На 4 септември 1774 година, Британците за прв пат ја забележале Нова Каледонија, односно за време на второто патување на капетанот Џејмс Кук. тој и го дал името Нова Каледонија, бидејќи југоисточниот дел на островот го потсетувал на Шкотска. Во 1788 година, Жан ФРансоа де Галуп прв дошол на западниот брег на Гранд Тер, кратко пред неговото исчезнување, а во 1796 година тој прв ги посетил островите Лојалти. Оттогаш па се до 1840 година, само неколку повремени посетувања на архипелагот се забележани. По 1840 година, се зголемил бројот на посети, поради големиот интерес на сандаловите дрва во Нова Каледонија.
Со опаѓањето на трговијата со сандалови дрва, се појавила нова форма на трговија, трговија со луѓе измамувајќи ги или киднапирајќи ги да работат како робови. Тоа биле луѓе од Нова Каледонија, островите Лојалти, Вануату, Нова Гвинеја и од Соломоните за да работат на плантажи со шеќерна трска во Фижи и Квинсланд. На почетокот на 20 век оваат трговија престанала. Жртвите од оваа трговија ги нарекувале Канакас.
Во 1840те година, првите мисионери од Лондонското мисионерско Друштво и браќата Марист пристигнале. Во 1849 година, кланот Пума го убиле и изеле екипажот на американскиот брод Кутер. Канибализмот се проширил низ цела Нова Каледонија.
На 24 септември 1853 година, по наредба на Наполеон Трети, адмиралот Февриер Деспоант ја превземал власта врз Нова Каледонија, а на 25 јуни 1854 година се основал Нумеа. Во годините што следеле, есетина слободни населувачи се населиле на западниот брег. Нова Каледонија станала затвор, од 1860те години до крајот на издржувањето на казните односно до 1897 година, околу 22.000 к година, риминалци и политички затвореници одлежале казна во Нова Каледонија, меѓу до кои биле и комуњарите Хенри де Рошерфорт и Луис Мишел. Од 1873 до 1876 година, 4200 политички затвореници биле „потиснати“ во Нова Каледонија. Само четириесетина се населиле во колонијата, а останатите, по амнестијата во 1879 и 1880 година, се вратиле во Франција. Во 1864 година, се открил никелот на бреговите на реката Диахот, а со тоа се основала и заедницата за никел, а во 1876 година се започнало со рударство. Французите од соседните острови, од Јапонија, Индонезија (Холанска источна Индија) и француска Индокина довеле робови да работат во рудниците. Без многу успех, француската влада се обидела да охрабри многу европски имигранти.
Домородното население било исклучено од француската економија, дури и како работници во рудниците. Во 1878 година, ова предизвикало насилна реакција, со што главатарот на Атар од Ла Фоа успеал да обедини многу централни племиња и ја започнал герилската војна, во која загинале 200 французи и 1000 канакци. Во 1878 година, имало околу 60.000 канакци. Се до 1921 година, бројката се намалувала и достигнала до 27.100 жители. Се до 1930те години немало пораст на населението.
Во јуни 1940 година, по падот на Франција, генералниот совет на Нова Каледонија едногласно гласал за поддршка на слободна француска влада, а во септември гувернерот бил присикен да замине за Индокина. Во март 1942 година, со помош на Австралија, оваа територија станала важна за базата на Алијансата, а Нумеа главен штаб на морнарицата на САД и армијата на Јужниот Пацифик. Морнарицата се базирала во Нумеа и која ја врати јапонската морнарица во Битката на Коралното море. Американските трупи броеле до 50.000 мажи, која е близу до сегашната популација. Од 1953 година, на населението на Нова Каледонија им било дадено француско државјанство, без разлика на етничката група.
Европската и полинезиската популација постепено се зголемувала, со што од 1969 до 1972 година се случила експанзија на никелот. Малезијците станале малцинство и покрај тоа што тие биле единствената најголема етничка група. Од 1976 до 1988 година, Нова Каледонија усвоила пет различни статуси, кои сите претставувале извор на незадоволство, а понекогаш и сериозно безредие. Затоа во 1988 година дошло до крваво заложништво и превземање на Увеа. Договорите од Матињон потпишани на 26 јуни 1988 година, обезбедиле само една декада на стбилност. Според Договорот од Нумеа, потпишан на 5 мај 1998 година, ги поставил темелите на транзиција во период од 20 години.
'''Политика'''
Нова Каледонија е поморски департман и териториија на Франција, на која Франција постепени и давала одредена власт. 54 члена од Конгресот ја водат Нова Каледонија, законодавното тело е составено од членови од три провинциски собранија. Франција е претставена како Висок комесат. На државно ниво, двајца застапници и еден сенатор од Народоното собрание ја претсавуваат Нова Каледонија. На француските претседателски избори од 2007 годиина, 68,14% беа од Нова Каледонија.
'''Војска'''
Вооружените сили на Нова Каледонија бројат околу 2000 војници, главно регрутирани во Кумак, Нанди, Тонтута, Плум и Нумеа. Копнените единици се составени од полк од трупи на морнарицата, и полк од трупи на морнарицата од Пацификот. Наутичките единици бројат две бродски патроли од типот П400, Батрал и патролен брод од поморската полиција. Воздухопловните сили се составени од три транспоортни авиони од типот Каса, четири хиликоптери од типот Пума и еден хиликоптер од типот Фенек, а базата се наоѓала во Тонтута. 760 полицајци се ангжирани на архипелагот.
'''Географија'''
Нова Каледонија е дел од Зеландија. Уште пред 60-85 милиони години Зеландија се одделила од Австралија. Пред 65 милиони години, Нова Каледонија се одделила од Австралија.
Гваниот остров по должина е поделен со централниот планински венец, со највисоките врвови Монт Пани ( 1629м ) и Монт Хумболд ( 1618м ) на југоисток. Источниот брег е покриен со бујна вегетација. Западниот брег кој претставува посушна област, го сочинуваат огромни савани и рамнини погодни за земјоделство. Долж брегот може да се најдат масиви богати со руда.
Најдолгата река во Нова Каледонија е реката Диахот, со истекување од 100км. Опфаќа површина од 620 км2 и се отвара северозападно кон Бе д’аркурт, истекувајќи кон северната точка на островот долж западната косина на МОнт Пани. Поголемиот дел од островот е покриен со зимзелена шума, додека пак саваните доминираат во пониските предели. Лагуната на Нова Калаедонија, со површина од 24.000 км2, е една од најголемите лагуни во светот. Обиколена е со коралниот гребен на Нова Каледонија.
'''Клима'''
Преовладува тропската клима, со топли и сушни периоди од ноември со март, а температурите се движат од 27º до 30 º С и со поладни и суви периоди од јуни до август, каде температурите се движат од 20 º до 23 º С. Тропската клима е доста умерена со влијание од океанот и пасатот кое ја намалува влажноста, која се движи околу 80%. Просечната годишна температура изнесува 23 ºС. Исто така се случуваат и екстремности на температурата од 2,3 º до 39,1 ºС.
Присуството на врнежи значително се разликува на целиот остров. Во Галарино се забележани 3000мм од врнежи. Оваа бројка е тројно поголема од просечните врнежи на западниот брег. Постојат и сушни периоди, поради влијанијата од Ел Нињо. Од декември до април, опаѓањето на тропската клима и циклоните предизвикуваат ветрови кои дуваат со брзина од 100км/час со налети од 250км/час и обилни врнежи. Во јануари 2011 година, циклонот Ваниа ја погоди Нова Каледонија.
'''Јазик и религија'''
Францускиот јазик започнал да се шири со започнувањето на француските населувања. Денес францускиот јазик се зборува и во најизолираните села. Бројот на жители значилтелно се менува, поради отсуството на пристапот до јавното образование како и имиграции и етничката разновидност. Според пописот од 2009 година, 97,3% од население на возраст од 15 или повеќе години, се изјаснило дека знае да зборува, чита и пишува на француски јазик. Само 1,1% се изјасниле дека немаат никакво познавање на францускиот јазик.
Во Нова Каледонија се зборуваат 28 канак јазици, кои се дел од океанската група од австронезиската фамилија. Уште од градинка се изучуваат канак јазиците. Трите јазици кои најмногу се зборуваат се дреху, ненгоне и паичи. Според пописот од 2009 година, 35,8% од населението на возраст од 15 или повеќе години се изјаснило дека може да зборува еден од домордните меланезиски јазици, а 58,7% се изјаснило дека нема никакво познавање на тие јазици.
Римокатоличката црква бара половина од населението како приврзаници, вклучувајќи ги скоро сите Европејци, Валисци и Виетнамци и половина од мелезиските и тахитските малцинства. Од протестанските цркви, слободната евагенслистичка црква и евангелистичката црква во Нова Каледонија и островите Лојалти го сочинуваат најголемиот број на приврзаници.
|