ФК Манчестер Јунајтед: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 96:
 
United лошо ја почна и сезоната 2005-06. Капитенот [[Roy Keane]] го напушти клубот и премина во [[Celtic]], откако јавно ги критикуваше на некои свои соиграчи поради слабата игра. Таа сезона клубот прв пат не успеја да ја мине фазата по групи во Шампионската лига, откако беа поразени од португалска [[Benfica]]. Сезоната беше пропратена и со многу повредени играчи, како [[Gabriel Heinze]], [[Alan Smith]], [[Ryan Giggs]] и [[Paul Scholes]]. Сепак таа сезона United го освои Лига купот, победувајќи го во финалето на новиот Премиер лигаш [[Wigan Athletic]] со 4-0. Сезоната ја завршија на второто место, кое им овозможи директен пласман во Лигата на шампиони. Таа сезона клубот го напушти еден од најдобрите напаѓачи Ruud van Nistelrooy и замина во [[Real Madrid]] поради несогласувања со Alex Ferguson.
[[Слика:Trofej prezentacija 2006-07.jpg|thumb|200px|лево|Гигс и Невил презентација на трофејот 2006-07]]
 
Сезоната 2006-07 United се врати на својата препознатлива напаѓачка игра и тактика. Така постигнаа 20 гола повеќе на 32 натпревари од второ пласираниот [[Chelsea]]. Во [[јануари]] [[2007]] клубот потпиша двомесечен договор, на позајмица, со шведскиот напаѓач [[Henrik Larsson]]. Со негова помош клубот стигна до полуфиналето на Лигата на шампиони, каде беше поразен од [[A.C. Milan]] (5-3 вкупен резултат)