ФК Манчестер Јунајтед: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 74:
 
Меѓутоа, наредните две сезони клубот не играл според очекувањата како и неколкуте засилувања кои ги привлекол Alex Ferguson. Тој во [[1990]] година бил пред отказ, но победата од 1-0 над [[Nottingham Forest]] во 3-то коло од ФА Купот со голот на [[Mark Robins]] му ја спасува кариерата. Подоцна го освојуваат ФА Купот со победа над [[Crystal Palace]].
[[Слика:Evro kup 1991.jpg|thumb|170px|десно|Фергусон и Сер Бисби 1991 ]]
 
[[United]] го освојува за прв пат Куп на победниците на куповите во [[1991]] година, победувајки ја шпанска [[Barcelona]] во финалето. Наредната сезона е разочарувачка бидејки го губат првенството од лутиот ривал [[Leeds]]. Истата [[1991]] година клубот излегува на Лондонската берза, акциите достигнуваат вредност од 47 милиони фунти.
 
Доаѓањето на [[Eric Cantona]] во [[ноември]] [[1992]] година се покажа како многу значаен момент за клубот. Тој заедно со играчите како [[Gary Pallister]], [[Denis Irwin]] и [[Paul Ince]] како и младиот талент [[Ryan Giggs]] се најзаслужни за освојувањето на лигата во [[1993]] година. За прв пат после [[1967]] година [[Manchester United]] е шампион. Следната сезона за прв пат во својата историја ја освојуваат двојната круна (лигата и ФА купот). Успеваат да ја одбранат титулата следната година со помошта на харизматичниот [[Roy Kean]]e, кој пристигна во клубот од [[Nottingham Forest]] и набрзо стана капитен на екипата. Истата [[1994]] година е тажна година за United, бидејки е пропратена со смртта на легендарниот менаџер и директор на клубот Сер [[Matt Busby]] кој почина на [[20 јануари]] [[1994]] година.
 
Во сезоната 1994-95, [[Eric Cantona]] добива осум месеци суспензија поради напад на навивач на [[Crystal Palace]], кој го навредил на расна основа. Наредната сезона клубот завршува на втората позиција во лигата и е поразен во финалето на ФА купот од [[Everton]]. Тогаш Ferguson ги разлутил навивачите со продажбата на неколку клучни фудбалери и доведувањето на млади играчи од јуниорската екипа, меѓу кои [[David Beckham]], [[Gary Neville]], [[Phil Neville]] и [[Paul Scholes]]. Младите играчи за изненадување играа многу добро и како резултат на добрата игра таа сезона повторно ја освоиле двојната круна во [[1996]] година. Тоа е прв пат во историјата некој англиски клуб два пати да ја освои двојната круна. Тој потфат е познат како "Double Double".