Нација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 12:
Во сите дефиниции за национализмот се истакнува дека како масовна емоција тоа е веројатно најмоќната политичка сила во светот. Национализмот може да ја промовира солидарноста и чувството за припаѓање, потпирајќи се на лојалноста на луѓето која се одржува жива преку различни начини и симболи: преку националните херои, униформи, националните празници и светите денови, преку борбените и патриотски песни, знамињата, химните итн.
 
Во оваа смисла национализмот може да одигра улога на стабилизирачки фактор во меѓународниот поредок. Национализмот им даде полет на милиони народи на [[Азија]] и [[Африка]] во нивната борба за независност. Создавањето на македонската нација и држава, претставува различна, во позитивна смисла, ситуација на Балканот, од почетокот на 20-иотот век и денес.
 
Меѓутоа, распаѓањето на Југославија, проследено со големо етничко насилство, доведе до тоа на национализмот да се гледа пред се' како на дестабилизирачки фактор во меѓународниот поредок. Тој може да предизвика непријателства, раздвојување, тензии и војни меѓу ривалските националистички групи или држави. ''"Насилничкиот или агресивниот"'' национализам, В.Пфаф го дефинира како 'често неуспешен национализам кој не го постигнал она кон што се стреми, а тоа е воспоставување на еднонационална држава'. Кога значаен дел од групата го поседува тоа чувство, тогаш таа има национална свест".
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Нација