Милан Ѓурлуков: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: мини|десно|200п|Милан Ѓурлуков во комитска носија '''Милан Хр...
 
Ред 3:
== Биографија ==
Милан е роден во 1884 година во [[Кривогаштани]], тогаш во [[Отоманската империја]]. Добива прогимназиално образование во [[Прилеп]] и учителствува една година во своето родно село. За време на [[Илинденското востание]], Милан Ѓурлуков е пунктовен началник во родниот крај. Со четата од 80 лица е под директна команда на [[Питу Гули]], со која учествува во борбата за ''"Црниот врв"''. По задушувањето на востанието Милан Ѓурлуков останува во четата на [[Стојан Трајков|Толе паша]], подоцна е уапсен и осуден на четири месеци затвор во [[Битола]].
 
Во Прилеп во 1904 година ја извршува смртната пресуда врз местниот свештеник Спас Игуменов. Ѓурлуков станува секретар и помошник-војвода на [[Ванчо Србаков]], а по неговата смрт ја презема четата. [[Даме Груев]] го испраќа за војвода во Светиниколскиот регион, во кој во 1907 година е реонски војвода со чета од 4 луѓе. Милан Ѓурлуков е делегат на [[Ќустендилски конгрес|Ќустендилскиот конгрес]] во март 1908 година, а подоцна е избран за велешки војвода, но по наредба на [[Тодор Александров]] останува во [[Свети Николе]]. Уапсен и е затворен затворите во [[Куманово]] и [[Скопје]], по разоружителната акција на Шевкет Тургут паша во септември 1910 година е повторно уапсен во [[Битола]]. Преминува во [[Бугарија]] и уште декември се враќа со чета во Македонија, за да организира, по наредба на ЦК на ВМОРО, напад врз турскиот султан Мехмед Решад во близина на [[Скопје]], кој пропаѓа.
 
== Извори ==
<references/>