Меѓународен суд за правда: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 62.162.219.135 (разговор), вратено на последната верзија на Mathonius
Ред 11:
 
САД во 1986 се повлекле од присилното судство што по автоматизам значи дека ги признаваат надлежностите на судот од случај до случај.
 
== Состав на судот ==
 
Меѓународниот суд за правда се состои од петнаесет постојани судии избрани од страна на Генералното Собрание и Советот за Безбедност од список на личности номинирани од страна на национални групи во кругот на Постојаниот арбитрационален суд. Изборниот процес е уреден по членовите 4-12 од статутот на меѓународниот суд за правда. Мандатот на судиите трае девет години и постои можност за повторен избор на истите. Изборите се одржуваат на секои три години при пензионирање на една третина од судиите секој пат, како би било осигурал континуитетот во кругот на судот.
 
Ако судијата за време на мандатот почине, праксата за избирање на негов заменик е да биде заменикот од иста националност се до завршување на мандатот на починатиот судија. Не може да има двајца судии од иста националност. Според членот 9, членството на судот треба да претставува “главна одлика на цивилизацијата и највисок правен систем во светот”.
 
Во суштина ова претставува општо право, цивилно право и социјалистичко право(денес посткомунистичко право). Од 1960-те секоја од петте постојани членки на Советот за безбедност (Франција, Русија, САД, Кина и Велика Британија) секогаш имале судии во меѓународниот суд. Исклучок е Кина која немала свој судија во судот од 1967 до 1985 година, поради што не предложила свој кандидат.
 
Правилото за геополитички состав на работната маса постои поради фактот што не постои одредба по тоа во статутот на меѓународниот суд.
 
Членот 2 од статутот обезбедува сите судии треба да бидат “избрани без обѕир на нивната националност помеѓу личностите на високиот морален карактер” кои се квалификувани за највисоката судска должност во своите земји или познати како правници со адекватно познавање на меѓународното право.
 
Независноста на судот е опишана во членовите 16-18. Судите на меѓународниот суд за правда не смеат да имаат друга позиција, ниту пак да работаат како советници. Судијата може да биде разрешен од должноста единствено со анонимно гласање на останатите членови на судот.
 
Напротив овие правила, независноста на судот е често доведувана во прашање, таков пример е процесот Никарагва против САД. Соединетите Американски Држави произлегоа со официјално соопштение во кое е речено дека не можат да произнесуваат доверливи материјали пред судот поради присуството на судија од држава од источниот блок.
 
Судиите можат да издаваат заедничка пресуда или да даваат посебни мислења. Одлуките И советодавните мислења се донесуваат со мнозинство, а во случај на еднакви гласови, одлуката ја донесува претседателот. Судиите можат да дадат посебни мислења во спротивност на другите.
 
== Ад хок судии ==