Македонија во Втората светска војна: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена во текстот (од 89.185.215.22) и вратена ревизијата 2206856 на Dalco26
Ред 3:
Народно-ослободителната борба на [[Македонците]] во [[Бугарија]], во [[Грција]] и во [[Кралство Југославија|Југославија]] не била раководена од еден центар. Таа била раководена од комунистички партии во соодветните држави, но тие партии имале различни ставови за македонското национално прашање. Меѓутоа сите комунистичките партии кои дејствувале во оделните делови на Македонија и сред македонскиот народ требало да водат сметка за неговите барања и интереси бидејќи [[Македонско национално движење|македонското националноослободително движење]] во сите дела на Македонија кон крајот на четвртата деценија од 20 век, непосредно пред започнувањето на [[Втората светска војна]], ''навлегло во нова и повисока фаза на развој. Тоа е време во кое, во сите три дела на Македонија без оглед на поделеноста и непостоењето на политичка и организациона поврзаност меѓу револуционерните сили на македонскиот народ, благодарение на претходните борби, на традицијата и изградената колективна историска и национална свест, процесот на афирмација на македонскиот национален и политички индивидуалитет, изразен низ формата на одбрана на правото за самостојност на македонскиот народ, ги зафатил скоро сите слоеви. Во сите три дела на Македонија на дневен ред се нашла борбата за признавање на националната самобитност на Македонците, борбата за афирмација на македонскиот јазик и за откривање на сопственото историско битие. Тоа е период во кој се акцентирала потребата од организиран и осмислен напор за афирмација на националното културно наследство на македонскиот народ и за развивање на современата македонска култура.'' <ref>ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ИНСТИТУТ ЗА НАЦИОНАЛНА ИСТОРИЈА, СКОПЈЕ 2008</ref>
 
4kriponda e bojan
== Окупација на Македонија ==
{{Главна|Окупација на Македонија во Втората светска војна}}
[[Податотека:Наредба за окупација на Македонија.jpg|мини|лево|200п|Наредба за окупација на Македонија]]
{{Историја на македонскиот народ}}
Окупацијата на Македонија во Втората светска војна била спроведена по капитулацијата
на [[Кралството Југославија]] и Кралството [[Грција]]. Притоа, освен порано вклучениот Пирински дел на Македонија, [[Царство Бугарија|Бугарија]] го анектира и најголемиот дел од Вардарскиот дел и дел од Егејскиот дел на Македонија (до реката [[Струма]] и островите [[Тасос]] и [[Самотраки]]), со вкупно 21.460 км² и околу 876.000 жители.
 
Италија го доби најголемиот дел од Западна Македонија со градовите [[Тетово]], [[Гостивар]],[[Кичево]], [[Дебар]] и [[Струга]], најголемиот дел од преспанските села и Костурско, Леринско и Кожанско во Егејскиот дел на Македонија, со вкупно 4.314 км² и со околу 232 илјади жители. Во јули тоа окупационо подрачје беше препуштено на анектирање од [[Голема Албанија|квислиншка Албанија]]. Така, Егејскиот дел на Македонија, кој дотогаш се наоѓаше под грчка власт, беше поделен под бугарска, италијанска и германска окупација (Солунско, Воденско и Гуменџиско).
 
Заедно со германската војска што навлегувала во Македонија, во [[Скопје]] пристигнала од Бугарија една група на македонски политички емигранти, кои заедно со месни Македонци, под заштита на германската воена власт, на [[13 април]] [[1941]] година го формирале [[Бугарски централен акционен комитет|Бугарскиот централен акционен комитет]]. Сета активност на Акциониот комитет требало да послужи како основа за што побрзо превземање на административната власт во Македонија од страна на Бугарија и аргумент за нејзино анектирање.
 
Помеѓу [[9 мај (настани)|9]] и [[10 мај (настани)|10 мај]] [[1941]] година, бил формиран Албански комитет во [[Тетово]], кој побарал овој град да биде ослободено од Италија и приклучено кон [[Голема Албанија|Албанија]]. По примерот на Албанскиот комитет во [[Тетово]], слични комитети биле формирани и во други градови во западниот дел од [[Вардарска Македонија]]. Бугарската окупација на [[Вардарска Македонија]] започнала во втората половина на [[Април|април]] [[1941]] година, а преземањето на новите административно-полициски органи се одвивала бргу. По доаѓањето на бугарските воени сили и полициски органи во Македонија, уследило и назначување на највисоки функционери во организираните обласни дирекции, кои претставувале нависока извршна власт на државниот ситем на [[Царството Бугарија]].
 
Бугарската власт во окупираните делови на Македонија биле ограничени од [[Нацистичка Германија]]. Некои германски институции што постоеле во окупираниот дел на Македонија биле во привилигирана положба, а со самото тоа се намалувале и ограничувале суверените права на Бугарија над окупираните подрчја во Македонија. Западна Македонија, во периодот од [[мај]] до [[јули]] [[1941]] година, преставувала окупациска област на италијанската војска. Новите власти создале посебен систем од разновидни мерки за економско искористување на риридните и другите богатства во Македонија. Бугарската влада за да си создаде потпора во оној дел од Македонија кој се наоѓал под нејзина власт, дозволила да се формираат фашистичките и националистичките организации.
 
Центарот на балистичката организација во западна Македонија се наоѓал во [[Гостивар]]. Овој центар бил раководен од Кадри Сали, а во [[Тетово]] Шуаиб Камбери. Овие двајца биле членови на фашистичкиот корпоративен совет во Тирана, а потоа членови на Окружниот комитет за Косово. Други истакнати балистички водачи биле: Џафер Сулејмани, Мунир Тршана, Осман Азизи, Фиќири Дина и други, а команданти на балистичките одреди биле Џемаил Хасани - Џемо и Мефаил Шеху - Зајази.
 
== Почеток на народно-ослободителна борба во Македонија ==