Исхрана: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 289:

Првиот регистриран експеримент во исхраната се наоѓа во Библиската Книга за Даниел. Даниел и неговите пријатели биле заробени од страна на кралот на Вавилон за време на инвазијата на Израел. Избрани како слуги на судот, требало да ја делат кралската храна и вино. Но тие се спротивставиле бидејќи преферирале зеленчук (грав, грашок и леќа) и вода во согласност со нивните Еврејски ограничувања во исхраната. Главниот домаќин на кралот колебливо се согласил на таква проба. Даниел и неговите пријатели ја добивале својата храна 10 дена и тогаш биле споредени со кралските луѓе. Бидејќи изгледале поздраво им било дозволено да продолжат со својата храна.

Околу 475 години пред нашата ера, Анаксагорас рекол дека храната се апсорбира од страна на човечкото тело и според тоа содржи "хомеомери" (генерирачки компоненти) што сугерира постоење на хранливи материи. Околу 400 години пред нашата ера, Хипократ рекол: "Нека храната биде Вашиот лек, а лекот Вашата храна".

Во 16-ти век, научникот и уметник Леонардо да Винчи (Leonardo da Vinci)метаболизмот го споредил со запалена свеќа. Во 1747 година, Др. Џејмс Линд (Dr. James Lind) доктор во Британската морнарица, го направил првиот научен експеримент во исхраната и открил дека лимоновиот сок спасил морнари кои биле на море со години од скробут, смртоносно и болно нарушување со крварење. Ова откритие било игнорирано 40 години, после кое Британските морнари станале познати како ''лимоновци''. Важниот витамин Ц во лимоновиот сок нема да биде идентификуван од страна на научниците се до 1930-тие години.

Околу 1770 година, Антоан Лавоазје (Antoine Lavoisier) "таткото на исхраната и хемијата" ги открил деталите на метаболизмот со тоа што демонстрирал дека кислотодот во храната е изворот на топлината на телото. Во 1790 година Џорџ Фордајс (George Fordyce)го признал калциумот како потребен за опстанокот на живината. Во почетокот на 19-ти век елементите јаглерод, азот, водород и кослород биле признаени како основни компоненти во храната, а се развиле и методи за мерење на нисните пропорции.

Во 1816 година, Франсоа Маженди (Francois Magendie) открил дека кучињата кои биле хранети само со јаглеродни хидрати и масти ги изгубиле своите протеини и умреле за неколку недели, но кучињата кои биле хранети и со протеини преживеале, што го идентификувало протеинот како важна хранлива компонента. Во 1840 година Џастис Лајбиг (Justus Liebig) го открил хемискиот состав на јаглеродните хидрати (шеќери), мастите (масни киселини) и протеините (амино киселини). Во 1860-тите години Клод Бернард (Claude Bernard) открил дека телесната маса може да се синтетизира од јаглеродните хидрати и протеини и покажал дека енергијата во крвната гликоза може да се складира како масти или како гликоген.

Во почетокот на 1880-тите години Канеиро Такаки (Kanehiro Takaki)воочил дека јапонските морнари (чија исхрана речиси целосно се состоела од бел ориз) заболеле од бери-бери (или епидемиски невритис, болест која предизвикува срцеви проблеми и парализа), но британските морнари и јапонските поморски офицери не биле заболени. Додавањето на различни видови на зеленчук и месо во храната на морнарите ја спречило оваа болест.

Во 1896 година Јуџин Бауман (Eugen Baumann) го набљудувал јодот во тироидните жлезди. Во 1897 година Кристијан Ејкман (Christian Eijknan) работел со домородци од Јава, кои исто така пателе од бери-бери. Ејкман воочил дека кокошките кои биле хранети со родната храна од бел ориз појавиле симптоми на бери-бери, но останале здрави кога биле хранети со непреработен кафен ориз со недопрен надворешен слој. Ејкман ги излечил домородците со тоа што ги хранел со кафен ориз, откривајќи дека храната може да лечи болести. Десет декади подоцна, нутрицистите научиле дека надворешниот слој на оризот содржи витамин Б1, уште познат како тиамин.

=== '''Од 1900 година до сегашност''' ===

Во почетокот на 20-ти век, Карл Вон Воа (Carl Von Voit) и Макс Рабнер(Max Rubner)поединечно ја измериле потрошувачката на калорична енергија кај различни видови на животни, а во исхраната користеле принципи од физика. Во 1906 година Вилкок (Wilcocok) и Хопкинс(Hopkins) покажале дека амино киселината триптофан е потребна за стаорците да можат да преживеат. Тој ги хранел со посебна межавина на храна која ги содржела сите потребни хранливи материи кои тој сметал дека се потребни за живот, но стаорците умреле. Втората група на стаорци биле хранети со одредена количина на млеко кое содржело витамини. Говланд Хопкинс (Gowland Hopkins) забележал "додатни фактори на храната" покрај калориите, протеините и минералите, како што се органските материи потребни за здравје, но кои телото не може да ги синтетизира. Во 1907 година, Стивен М. Бабкок (Stephen M. Babcock)и Едвин Б. Харт (Edwin B. Hart) го спровеле експериментот со поединечно-зрно, за кој биле потребни околу 4 години.

Во 1912 година, Касимир Фанк (Casimir Funk) го измислил терминот витамин, витален фактор во исхраната, од зборовите ''витален'' и ''амино'' бидејќи овие непознати супстанции кои спречувале скробут, бери-бери и пелагра, тогаш се сметало дека се изведени од амонијак. Витамините биле проучувани во првата половина од 20-ти век.

Во 1913 година Елмер Меколум (Elmer McCollum) ги открил првите витамини, витаминот А растворлив во масти и витаминот Б растворлив во вода (во 1915 година, сега е познато дека е сложенка составена од повеќе витамини растворливи во вода) и го именувал витаминот Ц како тогаш непозната супстанција која спречувала скробут. Лафајет Мендел(Lafayette Mendel) и Томас Озборн (Thomas Osborne) исто така направиле пионерско дело за витамините А и Б. Во 1919 година Сер Едвард Меланбај (Ser Edward Mellanby) погрешно го идентификувал рахитисот како недостаток од витамин А бидејќи кај кучињата можел да го излечи со рибино масло. Во 1922 година Меколум го уништил витаминот А во рибино масло, но забележал дека се уште лечи рахитис. Исто во 1922 година Х.М. Еванс (H.M. Evans) и Л.С. Бишоп (L.S. Bishop) го откриваат витаминот Е како неопходен за бременоста кај стаорците и оригинално го нарекувале "Икс фактор на храната" до 1925 година.

Во 1925 година Харт откри дека за апсорбирање на железо се потребни мали количини на бакар. Во 1927 година Адолф Ото Рејнхолд Виндаус (Adolf Otto Reinhold Windaus) (Albert Szent-Giorgyi)
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Исхрана