Петар Чаулев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 22:
 
По краткото учителствување во охридските села, од [[1899]] година се јавува како организатор на револуционерните комитети во [[Охридско]], [[Преспанско]] и [[Леринско]] <ref>Георгиев, Величко, Стайко Трифонов, История на българите 1878 - 1944 в документи, том 1 1878 - 1912, част втора, стр. 475-481., „Българските революционни чети в Македония според доклад на А. Тошев до министъра на външните работи и изповеданията Д. Станчов“</ref> и како војвода во [[Охридско]] за време на [[Илинденското востание]]. Во тие бурни години од почетокот на веков, кога револуционерното движење ги собира македонските интелектуалци, Петар Чаулев се вљубил во стружанката Злата, од познатото семејство Голабовци. Сестрата на Злата, која подоцна ќе им помгне, била омажена за Серафим Миладинов, братучед на познатиот македонски поет [[Константин Миладинов]]. За својата љубов кон револуцијата, Петар Чаулев како свадбен подарок ''„добил мало пиштолче украсено со скапоцени камења“''.
 
 
За време на [[Младотурската револуција]] во [[1908]] година повторно се вратил во својот роден град [[Охрид]], каде што бил уапсен и затворен од новата младотурска власт. Од последиците на затворот Злата умрела во 1916 годиона, а за нивните деца се грижела мајката на Петар и сестрата на Злата, Фроса Миладинова. Подоцна повторно се оженил со охриѓанката Иванка Спространова, која ќе остани со него до неговата смрт и ќе го посвети нејзиниот живот ''на споменот за него''.