Исхрана: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 260:
Дебелината може негативно да ја промени хормонската и метаболичната состојба како резултат на отпорност кон хормонот лептин, а со тоа може да започне циклус во кој отпорноста на инсулин/лептин и дебелината меќусебно се влошуваат. Овој циклус наводно е поттикнат од постојана висока стимулација на инсулин/лептин и складирање на маснотиите, како резултат на големо внесување на храна која стимулира инсулин/лептин и енергија. Функцијата на инсулинот и лептинот е да испраќаат сигнали за ситост до хипоталамусот во мозокот. Сепак, отпорноста на инсулин/лептин може да го намали овој сигнал и поради тоа да дозволи прејадување и покрај големите складирани количини масти во телото. Исто така, намаленото сигнализирање на лептинот до мозокот може да ја намали нормалната функција на лептинот да одржува соодветно висока метаболична стапка.

Постои дебата во врска со тоа како и до кој степен различните хранливи фактори - како што внесувањето на преработени јаглеродни хидрати, целосни протеини, масти и внесувањето на јаглеродни хидрати, внесувањето на заситени и транс масни киселини, како и нискиот степен на внесување на витамини/минерали - допринесуваат за развојот на отпорноста на инсулин и лептин. Во секој случај, аналогно на начинот на кој модерното загадување предивикано од човекот потенцијално може да ја оптовари способноста на околината да одржува хомеостаза, неодамнешното експлозивно воведување на висок гликемиски индекс и преработена храна во исхраната на човекот може потенцијално да ја оптовари способноста на човечкото тело да одржува хомеостаза и добра здравствена состојба (како што беше потврдено со епидемијата на метаболичниот синдром).

=== '''Хипонатремија''' ===

Прекумерното внесување на вода, без надополнување на натриумски и калиумски соли, води до хипонатремија, која понатаму на поопасни нивоа може да доведе до интоксикација со вода. Добро познат настан, се случи во 2007 година, кога Џенифер Стрејнџ (Jennifer Strange) почина при учество на натпревар на пиење вода. Уште почесто, оваа состојба се случува за реме на настани за издржливост на далечно растојание (како што се маратон или триатлон и тренирање) и предизвикува постепено душевно затупување, главоболка, поспаност, слабост и збунетост. Екстремни случаи може да резултираат со кома, грчеви и смрт. Првичното оштетување доаѓа од потекување на мозокот, предизвикано од зголемена осмоза со намалување на соленоста на крвта. Ефективни техники на замена на течности вклучуваат помошни станици за вода за време на трчање/велосипедски трки, обезбедување на вода од страна на тренерите за време на тимски игри како што е фудбал, и апарати како што се Камел Бакс (Camel Baks) кои можат да обезбедат вода за поединец без потешкотии.

Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Исхрана