Исхрана: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 67:
Протеините се основа на многу животински телесни структури (на пр. мускули, кожа и коса). Исто така ги формираат ензимите кои ги контролираат хемиските реакции низ телото. Секоја молекула е составена од амино киселини кои се карактеризираат со присуство на азот, а понекогаш и сулфур (овие компоненти се виновни за различните миризби на запален протеин, како што е кератинот во косата). Амино киселините му се потребни на телото за да произведува нови протеини (задржување на протеините) и да заменува оштетени протеини (одржување). Бидејќи не постои место за складирање на протеините или амино киселините, амино киселините мора да бидат присутни во исхраната. Вишокот амино киселини обично се исфрлаат преку урината. За сите животни, некои амино киселини се неопходни (животното не може внатрешно да ги создаде), а некои не се неопходни (животното може да ги создаде од други соединенија кои содржат азот). Во човековото тело можат да се најдат околу дваесет амино киселини од кои околу десет се неопходни, па поради тоа мора да бидат вклучени во исхраната. Исхраната која содржи соодветна количина на амино киселини (особено неопходните) е особено важна во некои ситуации: за време на рано развивање и созревање, бременост, лактација или повреда (на пр. изгореница). Еден комплетен извор на протеини ги содржи сите неопходни амино киселини, додека некомплетен извор на протеини има недостаток од една или повеќе неопходни амино киселини.

Можно е да се комбинираат два некомплетни извори на протеини (на пр. ориз и грав) за да се добие комплетен извор, а карактеристичните комбинации се основата на различните културни кулинарски традиции. Изворите на хранливи протеини вклучуваат: месо, тофу и други производи од соја, јајца, мешунки и млечни производи како што се млекото и сирењето. Вишокот на амино киселини од протеини можат да се претворат во гликоза и да се користат како гориво во процес наречен глуконеогенеза. Амино киселините кои остануваат по тој процес се исфрлаат.

=== '''Минерали''' ===

Освен четирите елементи: јаглерод, водород, азот и кислород, кои се присутни во речиси сите органски молекули, хемиски елементи кои им се потребни на живите организми во исхраната се минералите. Поимот "минерал" е архаичен бидејќи намерата е едноставно да се опишат помалку честите елементи во исхраната. Некои се потешки од претходно споменатите четири, вклучувајќи некои метали, кои во телото често се јавуваат во форма на јони. Некои диететичари препорачуваат да се обезбедуваат од храна во која постојат природно или барем како сложени соединенија, или пак некогаш дури и од природни неоргански извори ( како на пр. калциум карбонат од земјини остриги). Некои минерали од такви извори многу полесно се апсорбираат во јонски форми. Од друга страна минералите во исхраната честопати се додаваат по вештачки пат како додатоци; најпознатиот е јодот во јодизираната цол кој што спречува гушавост.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Исхрана