Исхрана: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 19:
Месојадната и хербиворната исхрана се спротивни, со основни азотни и јаглеродни пропорции чие ниво варира во одредена храна. Кога се мери иста количина, месојадите консумираат повеќе азот отколку јаглерод додека хербиворите консумираат помалку азот отколку јаглерод.<br />
<br />
Човечкото тело содржи хемиски соединенија како што се вода, јаглеродни хидрати (шеќери, скроб и влакна), амино киселини (во протеините), масни киселини (во липидите) и нуклеински киселини (ДНК и РНК). Овие соединенија во себе содржат елементи како што се јаглерод, водород, кислород, азот, фосфор, калциум, железо, цинк, маглезиум, манган итн. Сите овие хемиски соединенија и елементи се јавуваат во различни форми и комбинации (на пр. хормони, витамини, фосфолипиди, хидроксиапатити), како во човечкото тело така и во растенијата и во животинските организми кои луѓето ги јадат.<br />
<br />
Човечкото тело се состои од елементи и соединенија кои се внесуваат, преработуваат, апсорбираат и циркулираат ни крвототкот за да ги хранат клетките на телото. Со исклучок кај неродениот фетус, дигестивниот систем е првиот вклучен систем. Во луменот на дигестивниот тракт на една возрасна личност влегуваат околу седум литри дигестивни сокови. Овие дигестивни сокови раградуваат хемиски врски во внесените молекули и ги моделираат нивните структури и енергетски состојби. Сепак, некои молекули се апсорбираат во крвототкот како непроменети, а дигестивните процеси ги испуштаат од матрицата на храната. Неапсорбираните материи како и некои отпадни производи на метаболизмот се исфрлаат од телото преку изметот.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Исхрана