Тот: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{внимание}}
[[Image:Thoth.jpg|right|200px|thumb|Тот ([[Рамзеум]], [[Луксор]])]]
Тот (неговото грчко име потекнува од египетското „џехут“ кое Египќаните го бележеле како ḏḥwty) бил сметан како едно од најважните божества на Египетскиот пантеон и честопати бил прикажуван со глава од Ибис. Неговиот женски пандан била божицата [[Маат]].

Главното светилиште на Тот било во Кемену (подоцна преименуван од грците во Хермополис), каде претседавал над дружината од локални богови. Кај грците бил познат како Хермес или Ешмунен кај Арапите. Исто така, имал светилишта во Абидос, Хесерт, Урит, Пер-Аб, Рекуи, Та-ур, Сеп, Хат, Пселкет, Талмсис, Анча-Мутет, Амен-хери-аб и Та-кенс.
 
За него се говорело дека го претставува срцето и јазикот на Ра и дека е посредник преку кој се пренесувала волјата на Ра во говор. На овој начин тој бил поистоветуван со Логосот на Платон (Словото на Јован) и умот на Господ. Во египетската митологија тој играл многу витални и значајни улоги; бил еден од двајцата богови кои стоеле на секоја страна од лаѓата на Ра (другото божество била Маат). Познат е како бог на магијата, писменоста, науката и судењето на мртвите.
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Тот