Михајло Маневски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 3:
Бил заменик околиски јавен обвинител во [[Штип]], јавен обвинител во Основното јавно обвинителство во [[Велес]], а од [[1966]] до [[1976]] година бил заменик на Окружниот јавен обвинител во [[Скопје]]. Од [[1976]] до [[1984]] година е заменик на јавниот обвинител на Република Македонија. Од 1984 до [[1986]] година бил претседател на Окружниот суд во Скопје. Во 1986 година е избран за член на Извршниот совет на Република Македонија и министер за правосудство и управа. Функцијата ја извршува до [[1991]] година. Од [[1994]] до [[2000]] година е советник во Владата, а во 2000 година е именуван за заменик на јавниот обвинител на Македонија.
 
Во 2002 година е избран за член на [[Државната комисија за спречување на корупцијата]], а во декември [[2005]] година е избран и за нејзин претседател. Маневски работел на подготвување на голем број законски и подзаконски акти од областа на правосудството, казненото право, финансискиот криминал и корупцијата и во работни тела за изготвување на амандмани на уставни одредби. Учествувал на повеќе меѓународни конференции за прашањата на организираниот криминал, особено финансискиот криминал и корупцијата. Во [[2003]] година ја издаде книгата Казнено правна заштита на јавните финансии - правни аспекти и практични искуства, а во [[2005]] година ја издаде втората книга Корупцијата во Република МакеоднијаМакедонија - Превентивни и казнени мерки за спречување. Објавил и повеќе научни трудови, во стручни списанија и билтени од областа на казненото право и финансискиот криминал и корупцијата.