Народноослободителна борба во Егејска Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 32:
 
== Македонски воени единици ==
Воени единици составени од Македонци од егејскиот дел на Македонија
се формирале во јули и во август 1943 во повеќе реони во [[Костурско]].
Тие биле составени од активисти и од авторитетни личности.
 
Нивното формирање имало политичко и национално значење за Македонците,
но учествувале и во борбените дејства на страната на [[ЕЛАС]]
(Ослободителна армија на Грција) во борбата против окупационите
сили за ослободување на земјата. Подоцна, во текот на 1944 година, врз
истите принциии биле формирани Воденскиот македонски баталјон, а
на 2 август 1944 и Леринско-костурскиот македонски баталјон ''„Гоце“''.
Бројот на нивните борци, зголемувајќи се постепено, до октомври 1944
година нараснал на 1.500 борци.
 
Кога станува збор за расформирањето на македонските воени
единици, клучни биле политичките настани во Грција. Во [[Казерта]],
[[Италија]], бил потпишан договор меѓу претседателот на владата, [[Георгиос Папандреу]],
во присуство на претставник од [[Велика Британија]], ЕЛАС да се
стави под командата на коалиционата влада. Дејството на македонските
единици ја отежнувало позицијата на КПГ која, исто така,
влегла во коалиционата влада на Грција. Папандреу и претставниците
на другите партии што не го признавале македонското малцинство во
Грција не прифатиле во заедничката борба да дејствуваат посебни
македонски единици, имајќи ги предвид националните аспирации на
Македонците. Затоа раководството на КПГ донесло решение да се
расформираат македонските балталјони. Бидејќи тие одбиле да го
сторат тоа, биле нападнати од страна на единиците на ЕЛАС, а потоа
биле принудени да ја напуштат територијата на Грција и да преминат
во вардарскиот дел од Македонија. Единиците што се повлекле и единицата
''„Гоце Делчев“'' од Бугарија, на 18 ноември 1944 година, ја формирале
Првата егејска ударна бригада.
 
== Белешки ==