Грегоријански календар: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2) (Бот Додава: frr:Gregoriaans kalender
Нема опис на уредувањето
Ред 59:
| 7 || [[недела]]
|}
 
== Прифаќање на државно ниво ==
 
Во прво време, бидејќи Папата нема световна власт освен во Папската држава/Ватикан, Грегоријанскиот календар важел само за [[Римокатоличката црква]]. Во текот на првите децении по воведувањето прво го прифатиле државите во кои католичкото христијанство било официјална религија, додека протестантските држави и заедници го игнорирале или одбивале. Повеќето земји од Западна Европа, нивните колонии и државите кои произлегле од нив го имале прифатено календарот до средината на XVII век. Јапонија го прифатила во 1873 година, Кореа во 1895 г. а Кина во 1912 г. Во Советскиот Сојуз е прифатен во 1918 година, а последна европска земја што го прифатила била Грција во 1923 г.
 
 
== Прифаќање од другите христијански цркви ==
 
Наспроти граѓанските прифаќања, ниту една православна црква го нема признаено Грегоријанскиот календар за црковни или религиозни намени. Наместо тоа, во мај 1923 година била предложена нова верзија на [[Јулијански календар|Јулијанскиот календар]], кој испуштил 13 дена во 1923 година и вовел поинаква престапна година. До 2003 година овој и Грегоријанскиот календар нема да се разликуваат. Ревидираниот Јулијански календар го прифатиле Цариградската патријаршија, Грчката Православна Црква од Александрија, Грчката Православна Црква од Антиохија, како и националните православни цркви на Грција, Кипар, Романија и Бугарија. До 2800 година овие Новокалендарски цркви ќе го прославуваат Божиќ на 25 декември според Грегоријанскиот календар, на ист ден како западните цркви.
 
Ерменската Апостолска Црква го прифатила Грегоријанскиот календар во 1923 година, со исклучокна Ерменскиот Патријахат од Ерусалим, кој што сè уште го користи Јулијанскиот календар.<ref>[http://www.armenianchurch.net/worship/christmas/index.html ''The Armenian Church | Christmas''] (c. 2010). Diocese of the Armenian Church of America (Eastern).</ref><ref>Ardem A. Tajerian (n.d.). [http://www.churcharmenia.com/evangelical/evmain3_30_01b.html ''When Is Easter This Year?''] CAKE Foundation. Retrieved 7 January 2009.</ref>
 
Грчката Православна Црква на Ерусалим, Руската, Српската, Македонската, Полската Православна Црква, грузиските православна и апостолска црква, како и грчките старокалендарци го немаат прифатено Ревидираниот Јулијански календар и продолжуваат да го прославуваат Божиќ на 25 декември од Јулијанскиот календар, кој до 2100 година ќе се паѓа на 7 јануари. Одбивањето да се прифатат
Грегоријанските реформи исто така влијае на различното пресметување на датумот за Велигден кај овие цркви.
 
Од сите други источни цркви, православните Коптска, Етиопска, Еритрејска и Сириска продолжуваат да ги користат своите стари календари кои се базираат на Јулијанскиот, додека кога Асирската Црква го прифатила Грегоријанскиот календар во неа се случила шизма и од неа се одделила Старовремската Асирска Црква.
 
За разлика од другите источни цркви, Финската Православна Црква го прославува Велигден според Грегоријанскиот календар.
 
== Види исто така ==