Хор (бог): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Ред 14:
----
 
'''Мекенти-иру''' (Оној кој има на Две Очи на веѓите) – сонцето и месечината ги претставуваат неговите очи, во ноќите кога нема месечина. Во оваа форма е познат како бог на слепите.
 
Како '''Харсиесис''', тој е „Хорус синот на [[Изида]]“. Хорус бил зачнат на магичен начин од Изида по убиството на неговиот татко [[Озирис]]. Тој бил одгледан на островот Хемо (Chemmis) во близина на Буто и бил во опасност од неговиот злобен вујко Сет, кој постојано испраќал змии и чудовишта за да го нападнат. Како дете Хорус е познат под името Харпократ „детето Хорус“, и бил прикажуван како бебе доенче на градите од Изида. Исто така, е прикажуван како дете кое го цица палецот и кое носи кралска круна и уреус (кралска кобра на челото). На други места е прикажуван како дете кое стои на крокодили и кое држи во едната рака скорпии, а во другата змии.
Ред 22:
'''Хар-па-Неб-Тауи''' (Хорус Господарот на Двете Земји)
 
'''Ра-Характе/ Ра-Хор-Куит''' (Хорус на двата хоризонта) – бил идентификуван со Ра и дневното патување на сонцето од изгревот до залезот. Двете божества комбинирани ја даваат формата Ра-Характе, претставен како сокол, сокологлав човек, кој носи соларен диск и двојна круна или уреус и атеф круна.
 
Како '''Хармакис/Хрумакис''', „Хорус на Хоризонтот“, тој го персонифицира изгревачкото сонце и бил поврзан со Кефра како симбол на воскреснување и вечен живот. Големата Сфинга на платото кај Гиза е пример на оваа Хорусова форма.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Хор_(бог)