Мирцштешки реформи: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Непосредно по Илинденското востание, на 2.10.1903 год., во австрискиот град Мирцштег Русија и Австро-Унгарија потпишаа нова спогодба за спроведување реформи во Македонија. Меѓутоа, малите балкански држави во реформиве видоа најголема опасност за своите претензии во Македонија, па заедно со ТМОРО се спротивставија против нивното оживотворување.
 
Иако реформената програма од февруари 1903 год. што беше донесена со согласност на сите потписнички на Берлинскиот договор, во Македонија беше наречена „Падарски реформи”, треба да се нагласи дека со овој меѓународен акт првпат трите вилаети на Македонија беа изделени од другите области на Европска Турција и беа поставени извесни основи за политичкото индивидуализирање на Македонија.