Даут-пашин амам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.4) (Бот Додава: sh:Daut-pašin hamam
Целосно избришана страница
Ред 1:
'''Даут-пашиниот амам''' е некогашен [[амам]] (јавна бања) се наоѓа на влезот од [[Стара скопска чаршија|Старата скопска чаршија]], од десната страна на црквата [[Св. Димитрија]]. Овој монументален споменик на [[исламска архитектура|исламската профана архитектура]] бил изграден во 1484 год. од страна на познатиот турски војсководец [[Даут-паша]], еден од везирите на Султан [[Мехмед II]] Фатих (1451-1481) и [[велик везир]] во времето на султан [[Бајазит II]] (1481-1512).
 
Основата на градбата е [[правоаголник]] со проширување на северната и јужната страна. Денес амамот има три влеза: источен, западен и јужен. Однадвор, освен лачно и архитравно засводeните правоаголни полиња во кои се сместени прозорците и вратите, доминираат рамните ѕидни површини со наизменично редење на [[камен]] и два реда [[тула|тули]], споени со [[малтер]].
 
Во внатрешноста амамот содржи 15 различни по големина простории кои се меѓусебно поврзано со [[свод]]ести премини, украсени со вообичаена ориентална орнаментика. Сите простории се засводени со [[купола|куполи]], повеќето од нив се со ѕвездести отвори преку кои продира дифузно светло во внатрешноста на градбата.
 
Највпечатливиот дел од овој објект е покривната конструкција, составена од 13 нееднакво распоредени куполи. Внатрешниот распоред на просториите исто така го привлекува вниманието со својата архитектура. Сите простории се меѓусебно поврзано со сводести премини, украсени со вообичаена ориентална орнаментика.
 
Во правец исток-запад амамот бил разделен на две наполно одвоени крила со по една [[чекална]] и просторија за соблекување, всушност две големи сали во чиј центар биле изградени убави [[шадрван]]и. Останатите простории биле за перење и за капење. Амамот бил така приспособен што можеле истовремено да се капат и мажи и жени, при што западниот влез бил за мажи, а северниот за жени.
 
Во [[пожар]]от од [[1689]] год. тој бил оштетен и препуштен на постепено пропаѓање. Реставриран е по [[Втора Светска војна|Втората светска војна]] кога е пренаменет и во него денес е сместена [[Национална уметничка галерија Даут-пашин амам|Националната уметничка галерија]]. Во земјотресот од [[1963]] год. амамот бил делумно оштетен и по извршената санација продолжил со истата функција.
 
{{никулец}}
 
[[Категорија:Скопски знаменитости]]
[[Категорија:Исламски споменици на културата во Македонија]]
[[Категорија:Стара скопска чаршија|Д]]
 
[[bg:Даут паша хамам]]
[[sr:Даут-пашин амам]]
[[sh:Daut-pašin hamam]]
[[tr:Davut Paşa Hamamı]]