Раѓехови: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jasne (разговор | придонеси)
Додавање на линкови
Jasne (разговор | придонеси)
Превод pl:Radziechowy
Ред 27:
}}
[[Податотека:Drewniane domy przy ulicy Głównej w Radziechowach-2010.jpg|thumb|260px|Дрвени куќи на улицата „Глувна“ во Раѓехови - 2010]]
 
'''Раѓехови''' ([[Полски јазик|полски:]] ''Radziechowy'') е село во [[Полска|Полска]], коешто се наоѓа во шлонската административна област, во реонот на [[Живјец]], во [[општината Раѓехови - Вјепж]].
 
Ред 46 ⟶ 47:
 
Во 1954 година од ова село се издвојува селцето [[Твардожечка]], кое станало посебно село и влегло во административната единица на општината Липова. Во 2004 година и [[Пшибенѕа]] веќе не припаѓала во раѓеховскиот атар, но останaла во рамките на [[општината Раѓехови-Вјепж]].
 
== Туристика и спорт ==
 
На ова место вреди да се посети: парафијалната црква (нејзиниот најстар дел – презвитериумот потекнува од крајот на XIV век), обновена е на преминот од 70 и 80 години на дваесеттиот век благодарение на отецот Станислав Гавлик и жителите од раѓеховската парафија како и малата капела св. Ана. На ридот [[Матиска]] стои Милениумскиот крст, кој се гледа дури од [[Бјелско-Бјала]] која е одалечена повеќе од 20 километри. По патот кон Матиска (улица Зјелона) во септември 2009 година завршена е изградбата на сите четиринаесет сцени кои ги прикажуваат маките на Исус – [[Бескидска Голгота]].
Раѓехови е место во кое параглајдеристите учат да летаат. На падините на ридот Матиска и [[Раѓеховската Копа]] (уште позната како Вапјеник «Варовник») преовладуваат добри услови за учење на таа спортска дисциплина, но исто така и за одвивање на рекреативни, летови на мали далечини. Освен летање исто така може да се јава на коњи и да се планинари. Оттука започнува патеката кон [[Раѓеховското Пасиште]], од каде што може понатаму да се појде кон [[Барања Гура]] или [[Скшична]].
 
== Занимливи објекти и места ==
 
[[File:Radziechowy - kosciol sw. Marcina.jpg|left|thumb|150px|Парафијалната црква св. Мартин во Раѓехови]]
*'''[[Парафијалната црква св. Мартин во Раѓехови|Парафијалната црква св. Мартин]]'''
*'''[[Капелата св. Ана во Раѓехови|Капелата "Кај дедото"]]''', каде што секоја година на 26 јули се одржува света миса за празникот [[Света Ана|Света Ана]] и миса посветена на децата
*'''Милениумскиот Крст на Матиска''' заедно со сцените кои ги прикажуваат маките на Исус наречени [[Бескидска Голгота]] и се протегаат до самиот врв
*'''Вапјеник (Варовник)''' – индустриски споменик (на свероисточната падина на [[Раѓеховската Копа]])
*'''Училиштето''' коешто го носи името на епископот Станислав Гавлик во Раѓехови, претходно наречено Основно училиште во Раѓехови – изградено во шеесетите години на дваесетиот век во рамките на проектот илјада училишта по повод илјада години постоење на [[Полска]], во седумдесетите години во склоп на ова училиште е доградено ново.
*'''Старите гробишта''' – таму се наоѓа споменикот во чест на жителите на ова село, коишто биле убиени во [[Аушвиц]]
*'''Старите дрвени куќи''' – пред се на улиците "Глувна" и [[Свети Мартин од Тур|св. Мартин]] (постојат само неколку)
*'''Дрвени штали''' и други селски објекти порано користени од домаќинствата кои се занимавале со земјоделство – сега се поретко ја исполнуваат својата првобитна функција.
 
[[Податотека:Stary Cmentarz w Radziechowach - pomnik upamiętniający ofiary wojny.JPG|thumb|260px|right|Споменик во чест на жртвите во Втората светска војна]]
 
 
 
 
 
 
 
 
== Наводи ==
* ''Władysław Pieronek'', '' '''Kronika Radziechów (do 1966 roku)''' '', Źródła do Historii Ziemi Żywieckiej, Tom III (dokumenty powojenne), Kraków 2008, ISBN 978-83-925111-3-7
 
 
{{Полска-никулец}}