Илијада: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Codeks (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 31.11.91.155 (разговор), вратено на последната верзија на Виолетова
Ред 1:
'''„Илијада“''' (ст.грч. Ἰλιάς) е [[епопеја]] која се смета дека ја напишал [[Хомер]]. Тематски е поврзана со времето кога Грците ја започнале [[колонизација]]та на островите во [[Егејско Море]] и на [[Мала Азија]]. Оваа колонизација била предизвикана од зголемувањето на населението на [[Балканскиот Полуостров]], кое почнало да бара земји за населување и да ги напаѓа и ограбува соседите. Содржинската основа на епопејата ја сочинуваат настани од времето на [[Тројанската војна]], што се случила во периодот од 13 век п.н.е. до 12 век п.н.е. Според митот за Tројанската војна, [[Парис]], синот на [[троја]]нскиот цар [[Пријам]], ја грабнал [[Eлена]], жената на [[спарта]]нскиот цар [[Mенелај]], и ја однел во родниот град Илион (Троја). Сите грчки јунаци од одделните полиси на чело со [[Агамемнон]], царот на Арг, се кренале против ова нечесно дело на Парис за да му се одмаздат. Така почнала војната што траела десет години. За заповедник на грчката (ахајската) војска бил поставен Агамемнон. Настаните за кои се раскажува во „''Илијада''” се случиле во последната, десетта година од војната, односно се опева само 51 ден.<ref>Група автори: Македонски јазик и литература, Просветно дело, Скопје, 2006 г., стр. 214</ref> Илијада се смета за едно од најстарите дела од западната литература зачувани до денес, а пишаната верзија датира од околу осмиот век п.н.е.<ref>Vidal-Naquet, Pierre. ''Le monde d’Homère'' (The World of Homer), Perrin (2000), p. 19</ref>
 
== Кратка содржина ==
ne im veruvajte na vikipedija
[[Image:Beginning Iliad.svg|thumb|right|220px|Првите стихови од ''Илијада'']]
Во десетата година на [[Тројанската војна]] избувнала караница меѓу [[Ахил]] и [[Агамемнон]], кога аполоновиот [[свештеник]] Хрис го замолил Агамемнон да му ја врати ќерката Хрисеида, која како дел од пленот ја заробил Агамемнон по освојувањето на градот [[Теба]] од страна на Ахајците. Агамемнон не сакал да му ја исполни молбата на Хрис, и богот [[Аполон]] налутен од оваа негова постапка за казна испратил страшен помор меѓу грчката војска. За да го умилостиви [[Аполон]], Агамемнон му ја вратил Хрисеида на свештеникот, но ја зел Брисеида, заробеничката на Ахил. Кога ова го дознал Ахил - најсилниот ахајски јунак - се разгневил и не сакал да се бори против [[Троја]]нците. Разжалостен седнал крај „многуводното“ море и ја замолил мајка му, божицата [[Тетида]] да се одмазди за таа неправда што му ја сторил гордиот цар Агамемнон. Тетида го убедила [[Зевс]] да се застапи за син ѝ и да им помогне на Тројанците. Тогаш воената среќа поминала на страната на Тројанците.
 
Тројанците кои десет години не се решавале да излезат од градот и да војуваат на отворено бојно поле, бидејќи во редовите на ахајската војска се наоѓал Ахил, тогаш излегле надвор од ѕидиштата на Троја и почнале двобои и општи битки. На двобој излегле [[Менелај]] и [[Парис]] каде што победил Менелај, но божицата [[Афродита]] го спасила Парис на тој начин што го направила невидлив и го одвела во неговиот дворец. На двобој излегле [[Ајант]] и [[Хектор]]. Хектор бил ранет, но богот [[Аполон]] бргу го излечил.
 
Боговите на [[Oлимп]] се поделиле на два табора. Тетида и Зевс останале заштитници на Тројанците, а [[Хера]] и [[Атина (божица)|Атина]] - заштитници на Ахајците (Грците). Додека налутениот Ахил не се борел, многу јунаци од двете страни успеале да ја покажат својата храброст и борбени вештини: [[Агамемнон]], [[Менелај]], [[Диомед]], [[Одисеј]], [[Идоменај]] и други. Меѓу Тројанците како најсилен се покажал „вртишлем“ [[Хектор]], [[Ајнеј]], ликискиот цар [[Сарпедон]] и многу други. Кога бројот на убиените станал многу голем, двете страни склучиле примирје за да ги спалат загинатите. По примирјето борбата продолжила со уште поголема жестокост и според волјата на Зевс победиле Тројанците. Поразените Ахајци побегнале на своите кораби, гонети од Хектор, кој ликувал поради успехот. Ноќта го прекинал гонењето, а Тројанците радосни, цела ноќ палеле огнови и им принесувале жртви на боговите.
 
Во грчкиот логор Агамемнон не можел да се смири поради поразот, па затоа се согласил да ги испратат најдобрите грчки јунаци војник, [[Ајант]] и [[Одисеј]] кај [[Ахил]] и да го замолат да престане со гневот за да се врати на бојното поле. Ахил не се согласил и ги одбил даровите што му ги испратил Агамемнон и им рекол дека има намера да се врати назад во родната земја. Откако во борбите биле ранети Диомед, Одисеј и Еврипил, мудриот јунак Нестор го наговорил [[Патрокло]], најдобриот пријател и побратим на Ахил, да појде кај својот пријател и да го замоли да престане да се лути, а ако не успее, да се облече како Ахил и да прифати двобој. Патрокло се согласил, а штом го виделе Тројанците, мислејќи дека е Ахил, се исплашиле и се повлекле од бојното поле. Патрокло успеал да ги потисне Тројанците и го убил Сарпедон. Хектор разгневен се замешал во двобојот и го убил Патрокло, мислејќи дека е Ахил. По смртта на Патрокло се сменила воената среќа на Ахајците и Тројанците.
 
Кога Ахил дознал за смртта на својот најдобар пријател, решил да се одмазди за неговата смрт и тогаш се помирил со Агамемнон. Почнале нови борби, Ахил прво излегол на мегдан со [[Ехеј]], кого од сигурна смрт го спасил богот [[Посејдон]]. Ахајците биле надмоќни и Пријам наредил Тројанците од бојното поле пред ѕидиштата на Троја да се повлечат во градот. Војската се повлекла, единствено храбриот [[Хектор]] останал, а кон него се упатил Ахил и го повикал на двобој. Хектор се исплашил и почнал да бега, зашто не очекувал да го види Ахила. Ахил почнал да го гони и успеал да го убие. Му ја соблекол облеката, го врзал за својата кола за нозете, а главата му ја оставил да се влече по земја. Откако неколку пати обиколил околу Троја за да видат Тројанците дека нивниот најголем јунак е мртов, Ахил телото го довлечкал до ахајските кораби.
 
Цела Троја ја обзел ужас од смртта на Хектор. Мајка му тажела гласно и си ги кубела белите коси. Плачот бил толку голем како Троја да се урива во пожар. Во тоа време Ахил наредил да му се подготви свечен закоп на Патрокле. Несреќниот Пријам, таткото на Хектор, со богати дарови дошол во грчкиот логор со цел да го откупи мртвото тело на синот. Потресен од плачењето и молбите на [[Пријам]], Ахил му го дал телото на убиениот Хектор, кого Тројанците го пречекале со плачење. Епопејата завршува со свечениот закоп на Хектор, кого го спалуваат на клада.
 
== Јунаците во Тројанската војна ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Илијада