Свадбата на седумте Цигани: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
мала поправка
Ред 19:
* '''Бранко Марковиќ''' е професионален фотограф кој за потребите на новата книга за византиската уметност на проф. Сигоњ треба да направи фотографии од македонските цркви. Веднаш по пристигнувањето во Охрид, тој во Канео ја запознава Душка. По природа тој е со нестабилен карактер, сите негови врски со жените пропаѓаат, и по секоја неуспешна врска утехата ја бара во алкохолот.
* '''Душка Боровиќ''' студира философија и секој летен одмор го минува во родниот Охрид. Така го запознава Бранко Марковиќ, во кого се вљубува и со кого е готова да започне нов заеднички живот. Кога тој бега од свадбата, таа оди по него и така го покажува својот цврст и непоколеблив карактер.
* '''Анте Боровиќ''' е таткото на Душка. Тој е против свадбата на неговата ќерка и Бранко.
* '''Пјер Сигоњ''' (во македонскиот превод се јавува како '''Чигоне''') е професор по историја на уметноста, кој на Балканот сака да ги истражува византиските цркви и манастири за неговата идна книга. Во Белград го советуваат дека најдоброто место за неговата работа е Македонија, а Бранко Марковиќ го препорачуваат како најдобар фотограф кој истовремено ја познава земјата и како таков може да биде и добар водич.
* '''Седумте Цигани''' се седуммина цигански музичари, кои Бранко Марковиќ ги среќавал низ својот поранешен живот. Секој еден од нив го запознал одделно од другите, во различна кафеани кога бил и со различна жена.
* '''Отец Мирон''' е калуѓер од манастирот Св. Наум, кого Бранко го запознава при неговата посета на манастирот.
 
== Превод на македонски јазик ==