Протогеровисти: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 6:
Суштинската причина за убиството на Александар Протоѓеров била борбата за превласт во редовите на ВМРО, каде [[Иван Михајлов]] решил преку физички ликвидации да ги отстрани сите негови евентуални конкуренти за лидерското место во ЦК.
 
По убиството на членот на ЦК на ВМРО, Александар Протоѓеров, покрај вербалните пресметки преку весниците, расправиите и несогласувањата меѓу двете спротивставени фракции - протоѓеровисти и михајловисти, се преселиле на улиците на бугарските градови и се расчистувале со куршуми. Според бројот на жртвите овие неколку години претставувале период со најмногу меѓусебни физички ликвидации во македонската историја.
 
На една страна се наоѓале приврзаниците на убиениот Протоѓеров кои во тие пресметки повеќе влегле изнудено и претежно се наоѓале во дефанзива, а нивниот начин на вооружено дејствување имал карактер на самоодбрана. На другата страна се наоѓале приврзаниците на Иван Михајлов, кои биле поенергични, подобро вооружени и со повеќе финансиски средства и затоа имале повеќе успех во извршените атентати.
 
Во меѓусебните убиства и атентати биле убиени повеќе стотина македонски дејци од сите идејни теченија во македонското националноослободително движење, со што му биле зададени големи загуби на македонското револуционерно ткиво.
 
== Предисторија ==