Горноџумајски случувања: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 28:
 
* На [[17 септември]] 1924 година на падините на Пирин планина бил убиен [[АрсенијЈовков]], еден од раководителите на [[Илинденската организација]] и уредник на весникот "[[Илинден (весник)|Илинден]]". Во масовните убиства што ВМРО ги спровела над припадниците на македонската левица биле направени обиди за убиства врз повеќе членови на Илинденската организација, при што некои од нив, како [[Петар Ацев]] и [[Владо Георгиев]], успеале да се скријат. [[Георги Занков]] и Арсениј Јовков во нивната намера да побегнат се упатиле кон градот [[Дупница]]. Притоа Занков успеал да побегне во странство, во [[Виена]], додека Арсениј Јовков, којшто бил крупен човек по природа, не можејќи да бега бил пристигнат од неговите гонители и бил егзекутиран.
 
* Во септември 1924 година бил убиен припадникот на македонската левица [[Методи Алексиев]] во близина на селото [[Покровник]], Горноџумајско, од страна на терористи на ВМРО, откако претходно безобзирно и најсурово бил одвлечкан од читалиштето во градот Петрич и пред неговото убиство, однесен во Горна Џумаја.
 
* Неколку дена по Горноџумајските убиства во близина на градот [[Петрич]] биле убиени браќата Коста и Нашко Елшански, блиски пријатели на убијците на Александров, Штерју Влахов и Динчо Вретенаров.
 
* ВМРО го ливидирала Васил Попстојанов, санданист и приврзаник на Алеко Василев-Пашата, а бил фатен и убиен петричкиот околиски војвода Танчо, санданист и исто така пријател на Алеко Пашата.
 
* Во Мехомиско (Разлошко) во септември 1924 година биле убиени [[Георги Ковачев]], [[Георги Пенков]] и [[Александар Бујнов]], македонски револуционери од левицата и членови на Серскиот револуционерен округ.
 
*
 
== Извори ==