Германско Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 175:
 
Без обзир на успехот на источниот фронт во [[1918]] година, Германија не напредувала на западниот фронт поради три причини. Првата причина било времетрањето на долготрајната и напорна војна, имено германските војници константно биле на фронтот, борејќи се без вера во победа за Германија. Втората причина била бунтот на цивилите поради долготрајното војунвање и намалувањето на животниот стандард. Имено, по [[Британска блокадабританската блокада врз Германија]], германските цивили биле присилени да живеат во многу лоши услови. Ги покачиле цените, особено на храната и основните животни намирници. Почнале бројни анти-воени демонстрации кои посебно ги организирале припадниците на партијата од левото крило како што биле [[Социјалдемократска Партија на Германија|Социајлдемократска Партија]] на Германија и Независната Социјалдемократска Партија на Германија, кои што барале итен крај на војната. За време на војната, а посебно зимата од [[1916]] до [[1917]] година, од неухранетост умреле 750,000 германски цивили, што го разбеснило германскиот народ кој што својот бес го покажувал со приклучување на радикалните партии во [[Германија]], кои се противеле на продолжувањето на војувањето. Третата причина за германскиот неуспех било вклучувањето на [[САД]] во војната, кој додатно ги пореметил германските планови и ги потопил во вода последните идеи за победа на Германците во Првата светска војна.
 
Во ноември [[1918]] година, [[Австроунгарија]] се нашла во многу тешка позиција. Внатрешните револуции, веќе изгубената војна, незадоволството на угнетуваниите етнички групи земало замав. Правиот сојузник на [[Австроунгарија]], [[Германија]], поради внатрешниот притисок и проблеми се распаднала. Од другата страна пак, германскиот цар Вилхелм II, поради социјалистичките демонстрации ја основал [[СПД]] и пред крајот на војната абдицирал од положбата на германски цар. Овој негов чин ја завршува ерата на Германското царство и ја започнува новата ера за Германија ([[Вајмарска Република]]) во сосем ново друштвено уредување.
 
== Наводи ==