Алеко Василев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 13:
 
== Биографија ==
===Рани години ===
Василев е роден во 1891 година во гратче Долна Џумаја, денес Ираклија, [[Грција]]. Учи во Серско егзархиско педагошко училиште, што го напушта во 1906 година и до [[Балканските војни]] е екзархиски учител во селото [[Ќуприја]], Серско (денес Гефируди). Приврзаник е на крилото на [[Јане Сандански]] во [[ВМОРО]].
=== Низ војните ===
 
За време на [[Првата балканска војна]] е во четата на Јане Сандански, која ги помага активностите на Седмата рилска дивизија. По [[Втората балканска војна]], се утврдува во [[Петрич]] и во 1914 година станува раководител на месната полиција. Во 1915 година за време на учеството на Бугарија во [[Првата светска војна]] е командант на партизански вод во Единаесетата македонска дивизија, а во 1917-1918 година е на служба во Дирекцијата за стопаснки грижи и општествена предвидливост при генерал [[Александар Протогеров|Александар Протоѓеров]] <ref>Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 25.</ref>.
 
По војната, создава во [[Пиринска Македонија]] воена организација, која од почетокот на 1920 година се обединува со обновената [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]]. Василев е петричко окружен војвода и полномошник на Централниот комитет на ВМРО за Серскиот, Струмичкиот и Солунскиот револуционерен округ. Заедно со [[Георги Атанасов]] ја спроведуваат т.н Неврокопска акција на ВМРО во 1922 година.
=== Септемвриското востание ===
За време на Септемвриското востание на БКП во Бугарија во 1923 година, меѓу поголемиот број на убиени комунисти-Македонци од страна на ВМРО бил убиен и внукот од сестра на [[Гоце Делчев]], [[Тодор Чопов]], македонски деец од левицата и член на БКП. Во ова востание организирано од БКП учество зеле членови-комунисти, како и приврзаници на соборената земјоделска партија на поранешниот премиер Александар Стамболиски. Тоа имало подршка и кај македонскиот народ во Пиринска
Македонија, пред се кај членовите и симпатизерите на БКП.
 
БКП пред почетокот на востанието се обидела да ја привлече на своја страна и ВМРО или ако тоа е невозможно, барем да ја неутрализира. Таквата возможност се гледала во создавањето на едно лево течение, внатре во Организацијата, кое било предводено од бивши членови на Серскиот револуционерен округ, блиски до Јане Сандански, како и членови на ВМРО на кои им биле блиски комунистичките идеи. Во полза на тоа оделе и не толку добрите односи меѓу владата на [[Александар Цанков]] и раководството на ВМРО по прашањето за подобрување на односите меѓу Бугарија и Кралството на СХС. Сето тоа придонело ВМРО во преговорите со БКП да вети дека ќе остане неутрална за време на востанието и дека ако тоа успее, ќе ја признае новата комунистичка власт. Но како услов за својата неутралност раководителите на ВМРО го поставиле барањето во Пиринскиот дел на Македонија да нема востанички акции. Дури еден дел од левицата на Организацијата на чело со Алеко Василев-Пашата, активно го помагале септемвриското комунистичко востание.
 
На 24 септември раководителите на востанието дознале дека во многу краеви на Бугарија востанието воопшто не било кренато, а таму каде што избувнало во поголем број случаи било задушено. Откако сфатиле дека нивната борба била изолирана и дека против нив се кренале и четите на ВМРО заедно со редовната бугарска војска, меѓу локалните раководители на востанието била донесена одлука да се влезе во преговори со раководството на ВМРО, при што последното да се обврзе дека ќе го поштеди животот на востаниците. Преговорите помеѓу востаниците и ВМРО започнале на 24 септември при што
бил постигнат договор според кој востаниците го предале оружјето, со ветување дека нема да бидат убиени.
 
== Наводи ==