Македонска младинска тајна револуционерна организација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 22:
Уставот на ММТРО се состои од 19 члена поделени во 5 глави. Во првата глава е целта на Организацијата, во втората глава се составот и устројството на ММТРО каде во 2 членот се истакнува дека:
 
Член 2. ''Член на ММТРО може да биде секој студент или ученик од повисоките гимназијални одделенија и кој е македонец по потекло, доволно е да е препорачан од тројца постари членови и да изјавил желба да се посвети на делото'' <ref name="USTAV" />.
 
Во третата глава се регулирани должностите на членовите, во четвртата глава се казните, a во петата глава е заклетвата која гласела: ''“Се заколнувам пред Бога и својата чест, дека ќе чувам во тајна сe, што дознам сега, или би дознал во иднина, за дејноста на Внатрешната тајна револуционерна македонска организација и ќе ги исполнувам прописите на уставот на ММТРО, а следствено и заповедите на раководството. Во спротивен случај нека бидам убиен со оружјето, кое што тука го целувам”'' <ref name="USTAV" />. Во последниот 19 член било истакнато дека ''Уставот на ММТРО'' стапува во сила по неговото одобрување од страна на Централниот комитет на [[ВМРО (Автономистичка)]] <ref name="USTAV" />.