Гастрономија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: nap:Gastrunumia
Нема опис на уредувањето
Ред 4:
Главните активности на гастрономот се откривање, испробување, искусување на храна, вршење истражувања за храна, утврдување на наученото и пишување за истата. Затоа гастрономијата е интердисциплинарна активност. Проникливото набљудување нѐ доведува до заклучокот дека околу храната постојат и [[танц]], [[драматургија]], [[сликарство]], [[вајарство]], [[книжевност]], [[архитектура]] и [[музика]]; со други зборови, убави уметности. Но таа подразбира и [[физика]], [[математика]], [[хемија]], [[биологија]], [[геологија]], [[агрономија]], како и [[антропологија]], [[историја]], [[философија]], [[психологија]] и [[социологија]]. Примената на научните знаења врз готвењето и гастрономијата се нарекува [[молекуларна гастрономија]].
 
Прв формален третман на гастрономијата наоѓаме во книгата ''Психологија на вкусот'' од францускиот гастроном [[Жан Антелм Брија-Саварен]] (ран XIX век). Наспроти традиционалните готварски книги, ова дело го изучува соодносот помеѓу [[сетило|сетилата]] и храната, третирајќи го уживањето на трпезата како наука. Во последно време забележуваме посебна посветеност на принципите на гастрономијата со основањето на движењето [[Бавна храна]] (Slow Food) во 1986 година, кое во 1989 година прераснува во организација, денес пристуна во 160 земји со 1300 локални ограноци, наречени конвивиуми. Организацијата во 2004 пригодина отвора [[Универзитет за гастрономски науки|Универзитетот за гастрономски науки]] во Бра, Италија. <ref>[http://www.unisg.it Универзитет за гастрономски науки] {{en}} {{it}}</ref>
 
== Видете исто така ==