Македонска федеративна организација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 8:
== Расцеп ==
Набргу потоа Никола Јуруков ја предводел легалната фракција, а Филип Атанасов ја презел илегалната. Во [[Тирана]] федералистите Филип Атанасов, Павел Христов, А. Василев, Христо Цветков и Крум Зографов стапиле во контакт со [[Александар Протогеров]], за примирје и соработка помеѓу федералистите и автономистите како и привлекување на албанските револуционери кон македонското револуционерно движење (косовскиот албански комитет на Реџеп Митровица и Бедри Пејани <ref>Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопие, 2009, стр. 477.</ref>, со Хасан бег Приштина и Ахмед Зогу).
 
 
Била постигната за воспостваување на раководни органи во [[Албанија]], за да се дистанцираат од владејачките кругови во [[Бугарија]]. Меѓутоа [[Тодор Александров]] набргу го отфрлил договорот. Федералистите го поканиле на нова средба Александар Протогеров во [[Виена]], но тој ја одбил <ref>Колектив. Македония история и политическа съдба, Том II, ИК Знание, София, 1998, стр.107-108.</ref>.
 
Еден дел од приврзаниците на МФО создаваат краткотрајна организација во внатрешноста на Македонија, а други пристапиле во служба на српските власти. МФО започнала да го губи влијание сред македонските средини. Дел од дејци на оваа организација биле се убиени од приврзаници на [[Тодор Александров]], а подоцна од [[Иван Михајлов]].
 
== Извори ==