Цајтгајст (филм, прв дел): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox film | name = ''Цајтгајст - прв дел'' | image = | director = Питер Џозеф | producer = Питер Џозеф | writer ...
 
с Бот: козметички промени
Ред 1:
 
{{Infobox film
| name = ''Цајтгајст - прв дел''
Ред 19 ⟶ 18:
Филмот официјално излезе на интернет на 18ти јуни 2007, на zeitgeistmovie.com. Додека некои го фалеа дека е „прекрасно склопен“, други го критикуваа дека има фактички грешки, и за квалитетот на аргументите, кои од критичарите беа наречени „agitprop“ и „пропаганда“. Вториот дел, Цајтгајст: Додаток, се фокусира на монетарниот систем и промовира општествен систем базиран на ресурси, под влијание на идеите на Жак Фреско и Проектот Венус. По Цајтгајст: Додаток, Питер Џозеф создаде организација наречена Движењето Цајтгајст за да ги промовира идеите на Проектот Венус на Фреско. Џозеф исто така објави и ажурирана верзија на филмот во 2010, со цел да го дообјасни материјалот и да го зголеми нивото на точност. Третиот филм, наречен Цајтгајст: Чекор напред беше прикажан во кината на 15ти јануари 2011, а на интернет на 25ти јануари 2011. Питер Џозеф изјави дека темата е фокусирана на човечкото однесување, технологијата и рационалноста.
 
== Синопсис ==
Филмот започнува со анимирани апстрактни визуализации, снимки од филмови, цртани филмови и аудио цитати за духовноста, проследени со видео клипови за војна, експлозии, и нападите од 11ти септември. По ова следи насловот на филмот. Воведот на филмот завршува со дел од монолог на комичарот Џорџ Карлин, на тема религија, придружен со анимиран филм. Во остатокот од филмот, поделен на три дела, наратор е Питер Џозеф.
 
=== Прв дел: Најголемата приказна кога било раскажана ===
Првиот дел го оспорува ставот дека религиите се дадени од богови, велејќи дека конкретно Христијанството главно произлегува од други религии, астрономски факти, астролошки митови и традиции, кои и самите произлегле или споделувале некои елементи со други. Како продолжение на хипотезата за митот за Исус, овој дел вели дека историската личност на Исус е хибрид на литературата и астрологијата, зачинет со политика. Делото на Акарја С., автор на Заговорот за Исус: Најголемата приказна кога било продадена, опширно се корисни во првиот дел од филмот. Таа исто така беше и консултант, единствено за првиот дел од филмот.
 
=== Втор дел: Целиот свет е сцена ===
Вториот дел корисни интегрални снимки од филмови за теоријата на заговор за 11ти септември, со цел да потврди дека нападите на 11ти септември биле режирани или дозволени од субјекти во владата на САД, со цел да се создаде масовен страв, да се започне и оправда војната против тероризмот, да се даде оправдување на прекршувањето на граѓанските права, и да се создаде економска добивка. Овие тврдења исто така велат дека владата на САД била добро запознаена со нападите, дека војската намерно дозволила авионите да стигнат до нивната цел, и дека зградите 1, 2 и 7 од Светскиот Трговски Центар всушност претрпеле контролирано рушење.
 
Во статија од 17ти март 2009 на Њујорк Тајмс, Алан Фојер напиша дека Питер Џозеф истакнал дека неговиот став за тоа дали нападите од 11ти септември се дело на владата на САД или не „се оддалечил“ од претходно искажаниот. [7] Питер Џозеф подоцна изјави дека неговиот став за 11ти септември не се променил.
 
=== Трет дел: Не ги забележувајте луѓето зад завесата ===
Третиот дел вели дека трите војни во кои биле САД во текот на 20-тиот век се воделе единствено заради економска добивка од страна на оние кои во филмот се наречени „интернационални банкари“. Филмот наведува дека одредени настани биле осмислени како оправдувања за влез во војна, тука вклучувајќи го потонувањето на Луситанија, нападот на Перл Харбор, и инцидентот во заливот Тонкин.
 
Ред 42 ⟶ 41:
Филмот беше прикажан на 10ти ноември 2007 во Египетскиот театар во Холивуд како дел од четвртиот годишен филмски фестивал Артивист, каде ја доби наградата за најдобар долгометражен филм во категоријата Артивистички дух за долгометражни документарци. Во септември 2008, Цајтгајст исто така доби посебно признание на филмскиот фестивал Рутгер Хауер ICFILMS во Милано, Италија. [18] Филмот е достапен на ДВД, заедно со Додаток, кој подоцна одеше во пакет како бонус ДВД со албумот Zeitgeist: The Spirit of the Age на Children of Babylon, објавен на 30ти ноември 2010.
 
== Критичка реакција ==
 
=== Теорија на заговор и пропаганда ===
 
Во една рецензија на Ајриш Тајмс, насловена „Цајтгајст: Бесмислица“ пишува дека „тоа се надреални перверзии на постоечките проблеми и дискусии, и ги избледуваат сите критики на верата, администрацијата на Буш и глобализацијата – во светот има повеќе од доволно реални неправди, не треба да се измислуваат нови и невистинити.“ [19] Други рецензии го карактеризираа филмот како „конспиративно срање“,[20] “базиран единствено на анегдотски докази“ и „фикција спакувана во неколку факти“, [21] или се пишуваат негативности во врска со делот за движењето за вистината за 11ти септември.
Ред 59 ⟶ 58:
{{quote|И покраj легитимните прашања за тоа што се случило на 11ти септември, и за корупцијата во религиите и финансиските организации, сето ова е поткопано од одлучниот напор на филмот на предизвика емоционален одговор на сметка на разумните аргументи.}}
 
=== За потеклото на Христијанството ===
Тим Калахан од списанието Скептик, во својата критика за првиот дел од филмсот (за потеклото на Христијанството), напиша дека дел од она што е прикажано во филмот е вистинито. За жал, овој материјал е слободно – и несмасно – помешан со материјал кој е само делумно точен и добар дел од тоа е едноставно лага. [...] Цајтгајст е Кодот на да Винчи на стероиди.“ Акарја С (односно Д.М. Мардок), извор и краен консултант за официјалната верзија на филмот, одговори на критиката на Калахан во едн статија на веб-сјтот на нејзината издавачка компанија. Таа пишува дека е „интересен фактот што писателите кои се расфрлаат со зборовите „несмасно“, „измешано“ и „бесмислици“ често самите се виновни за овие работи“ и дека „изјавата на Калахан дека добар дел од материјалот во Цајтгајст е „чиста лага“ е погрешна.“ Калахан одговори на реакцијата на Акарја со контра статија објавена на форумот на неговиот веб-сајт.
 
Ред 66 ⟶ 65:
Акарја напиша статија „Одговор за Др. Крис Форбс во врска со Цајтгајст – прв дел“ во кој таа издвојува 21 тврдење за заблуда, дадени од Др. Форбс во врска со првиот дел од документарецот, и дава одговор на секое од нив. Акарја продолжи, велејќи дека „нејзините книги и написи даваат илјадници страници со внимателно одбрани цитати со примарни извори и дела на овластени субјекти од различни области, давајќи докази кои Форбс и други тврдат дека не постојат.“
 
=== Позитивни реакции ===
 
Режисерот Дмитри Бушни, пишувајќи за рускиот неделник Литературнаја Газета, беше еден од ретките во мејнстрим печатот кои го фалеа филмот, велејќи дека „сосема ја уништил официјалната верзија“ на нападите на 11ти септември. Признавајќи ги распространетите критики за вториот дел како „интернет глупости“, тој го бранеше филмот поради тоа што отворил прашања за нападите, велејќи дека „нема ништо лошо во отворањето рационални прашања и обидите да се даде одговор на нив. Ова се прави убедливо, и не се забележуваат задкулисни игри или манипулација.“
 
== Извори на материјал ==
[http://en.wikipedia.org/wiki/Zeitgeist,_the_Movie]
 
{{DEFAULTSORT:Zeitgeist, The Movie}}
 
[[Категорија:Теории на заговор]]
[[Категорија:Теории на заговор за библијата]]
[[Категорија:Теории на заговор за 11ти септември]]
[[Категорија:филмовиФилмови од 2007]]
[[Категорија:Документарци од 2000тите]]
[[Категорија:Американски документарци]]