Михаил Сарафов: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 17:
По враќањето во Бугарија, Михаил Сарафов бил поставен за министер за народното просветителство во владата на [[Петко Каравелов]] (1880-1881). За време на ''Режимот на полномошното'' (1881-1883) го предводел новоформираниот ''Заводот за статистика'' при Министерството за финансии, на таа функција го организирал првиот попис во Бугарија. Во 1884 година е министер за финансии во владата на [[Цанков Драган]]. Во истата година станал член на ''Бугарското книжевно друштво'' (БКД).
 
Во периодот меѓу 1893 и 1896 година, Сарафов бил директор на [[Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“|Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“]], а од 1895 до 1896 и на Солунската женска гимназија. Поради своите погледи, во Солун дошол во судир со македонското егзархиско граѓанство и основачите на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]]. Меѓутоа под влијание на Организацијата, авторитетот на Сарафов меѓу солунското граѓанство опаднало, a за овие случувања [[Петар Поп Арсов]] во [[Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници]] за вели дека:
 
:''граѓаните веќе започнуваат да си играат со бившиот министер, тешко е бај Сарафов, кога човек веднаш ќе падне морално пред очите на народот - нели?... и ве уверуваме дека така ќе продолжи да бива положбата на сите твои сотатковци, кои доаѓаат во Македонија, со претензија да создаваат Бугари, да ја култивираат земјата... уште потешка ќе стане положбата на вашето начелство, кое сака нека биде тоа, ако продолжите да ви дава слични инструкции, не ќе прокопса бугарската идеја, ако одите со тој ум. Зашто ние Македонците, баш ништо немаме, ништо не сме спечалиле, благодарение на слепата доверба кон своите божем браќа, па нема што да изгубиме'' <ref>Вардарски (Петар Поп Арсов), „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, превод, редакција, коментар и предговор д-р Ванчо Ѓорѓиев, Табернакул, Скопје 2006</ref>
 
Сарафов откако неможел да се наметне во Солун се вратил во Бугарија. По враќањето во Софија бил поставен за заменик-директор на осигурителната компанија Балкан (1897-1900) и благајник на БКД (1898-1904). Учествувал како министер за внатрешни работи во коалиционата влада на [[Петко Каравелов]] (1901) и како министер за финансии во трите самостојни прогресистички влади на [[Стојан Данев]] <ref>Ташев, Ташо. Министрите на България 1879-1999. София, АИ „Проф. Марин Дринов“ / Изд. на МО, 1999</ref>.
== Извори ==
<references/>