Бесправно доселување: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 126:
===Бутан===
Имиграцијата на доселениците од [[Непал]] во [[Бутан]] ([[Лоцампа]] (Lhotshampa)- термин кој се користи за бегалци од Непал во Jужен Бутан) полека започна кон крајот на 19 век. Со цел да го контролира напливот на нелегални имигранти, во 1985 година владата донесе нов Закон за државјанство кој го потврди и се обиде да го спроведе Законот за државјанство од 1958 година. За нелегални имигранти беа прогласени оние лица кои пред 1958 година не можеле да обезбедат доказ за престој. Во периодот помеѓу 1991 и 1992 година, од Бутан беа протерани околу 100 000 етнички Непалци, од кои повеќето оттогаш па наваму живееле во седум кампови за бегалци во источен Непал. САД предложи раселување на 60 000 од 107 000 бегалци од Бутан кои имале непалско потекло и кои сега живеат во кампови за бегалци на ОН во Непал. Дури и денес владата на Бутан не може да го реши проблемот за доделување државјанство на оние кои се во брак со Бутанци, и покрај тоа што тие веќе 40 години живееле во земјата.
 
===Бразил===
Бразил веќе долго време е дел од дестинациите за меѓународна имиграција. Во 2009 година владата го процени бројот на непријавени имигранти на околу 200 000. Една католичка добротворна организација која се занимава со имигранти, изјави дека во Бразил има 600 000 илегалци (од кои 75 000 се од Боливија). Истата година бразилскиот парламент одобри амнестија, со која започна период од шест месеци во кој сите странци можеа да побараат легализација без оглед на нивниот претходен законски статус. Во 1998 година Бразил последен ги легализираше сите имигранти. Исто така чести се и билатералните договори ,кои се потпишани во 2005 година и се едни од оние кои во Боливија ја промовираа легализацијата на сите имигранти .
 
Во Бразил нелегалните имигранти ги уживаат истите привилегии како и родените Бразилци во однос на пристапот до социјалните услуги, како едукација на јавноста и системот на јавно здравство во Бразил. Најголемиот број нелегални имигранти во Бразил доаѓаат од Боливија, Парагвај, Перу, Кина (најчесто од Фуџиен), Северна Кореја и Супсахарска Африка . Федералната полиција ги испитуваше имигрантите од Кина кои патувале низ шест земји пред да пристигнат во Сао Паоло за да работат во супстандардни услови во текстилна индустрија.
 
По потпишувањето на нацрт-законот за амнестија од 2009 година , во еден говор претседателот Лула рече дека „репресијата и нетолеранцијата кон имигрантите нема да ги реши проблемите кои ги предизвикала економската криза “, а со тоа исто така остро ја критикува „ политиката на дискриминација и предрасуди” против имигрантите во развиените земји.
 
Во едно октомвриско издание на бразилскиот весник „О Глобо” (“O Globo”) беше цитирана студијата на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), која го процени бројот на нелегални имигранти на 1,4 милиони и укажа на неодамнешен бран на ксенофобија меѓу општото население.