Корисник:Marina.mickovska/Имиграција: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 46:
 
Во САД политичката дебата за имиграцијата постојано се разгоруваше откако САД станаа независни. Некои од екстремната левица од политичкиот спектар ја припишуваат анти имиграционата реторика на необразованото и тесноградо малцинство од населението составено само од припадници на белата раса, неуки за релативните предности на имиграцијата за економијата и општеството на САД. Додека оние од екстремната десница сметаат дека имиграцијата го загрозува националниот идентитет, ја поевтинува на работната сила и ја зголемува зависноста од социјална помош.
 
==Економски мигрант==
Терминот економски мигрант се однесува на некој кој емигрирал од еден во друг регион со цел да најде вработување или да си ја подобри финансиската состојба. Економскиот мигрант се разликува од некој кој е бегалец кој се обидува да избегне прогон. Економскиот мигрант може да биде некој кој имигрирал во Обединетото Кралство од САД или обратно.
 
Многу земји имаат ограничувања за имиграција и визи , со кои на лицето му се забранува влез во земјата поради наоѓање работа без важечка работна виза. На лица кои се прогласени за економски мигранти може да им биде одбиен влезот во некоја земја.
 
[[Светска банка|Светската банка]] проценува дека во 2009 година дознаките изнесувале 420 милијарди долари, од кои 317 милијарди стасале во земјите во развој.
 
==Етика==
Иако слободата на движењето често е признаена како граѓанско право , слободата се однесува само на движењето во рамките на националните граници, што може да биде гарантирано со устав или со закони за човековите права. Во дополнение, оваа слобода е често ограничена на државјаните, а ги исклучува останатите. Денес ниту една држава не дозволува целосна слобода на движењето преку нејзините граници, а меѓународните договори за човекови права не даваат општо право на влез во друга држава. Застапниците на имиграцијата тврдат дека, според член 13 од Универзалната декларација за човековите права (УДЧП), секој има право да излезе или да влезе во некоја земја и да се движи во рамките на таа земја (внатрешна миграција), иако член 13 всушност ја ограничува слободата на движење „во рамките на границите на секоја држава.” Исто така, УДЧП не спомнува влез во други земји со тоа што наведува дека “секој има право да напушти која било земја, вклучувајќи ја и својата, и да се врати во родната земја.” Некои сметаат дека слободата на движењето во и меѓу земјите е основно човеково право и дека рестриктивните имиграциони политики, карактеристични за националните држави , го прекршуваат ова човеково право на слобода на движење. Ваквите аргументи се вообичаени меѓу антидржавните идеологии како анархизмот и либертарианизмот. Како што напишал филозофот и активист за “ отворени граници” Јакоб Апел (Jakob Appel) : “Различното третирање на луѓето , само поради тоа што тие биле родени на спротивната страна од националната границата, тешко може да се оправда со која било предоминантна филозофска , религиозна или етичка теорија.”
 
Онаму каде што имиграцијата е дозволена , тоа е главно селективно. Повторното обединување на семејството се вбројува во околу две третини од легалната имиграција во САД секоја година . Етничката селекција ,како што е политиката на бела Австралија , генерално исчезна, но предност најчесто им се дава на образованите, квалификуваните и богатите. Помалку привилегираните лица, вклучувајќи ја масата сиромашни луѓе во земјите со низок приход , не можат да ги искористат можностите за легалната и заштитена имиграција кои ги нудат богатите земји. Исто така, оваа нееднаквост беше критикувана како противречна на принципот на еднакви можности ,кои се применуваат (барем во теорија) во рамките на демократските национални држави.
Фактот дека вратата е затворена за неквалификуваните , додека во исто време многу развиени земји имаат огромна побарувачка на неквалификувана работна сила , е главен фактор во нелегалната имиграција. Контрадикторната природа на оваа политика – која особено во подредена улога ги става неквалификуваните имигранти, а во исто време го експлоатира нивниот труд- исто така беше критикувана врз етички основи.
 
Имиграционите политики кои селективно им доделуваат слобода на движење на одредени поединци, се наменети да создадат економска нето добивка за земјата -домаќин. Таквите политики создаваат загуби за сиромашните земји –донатори преку загубата на образуваното малцинство – таканаречен “одлив на мозоци”. Ова може да ја зголеми глобалната нееднаквост во стандардите на живеење, кои пред сè ги мотивираат поединците да мигрираат. Пример за “натпреварување за квалификувана работна сила” е активното регрутирање на здравствени работници од земјите на Третиот свет во земјите во Првиот свет.
 
==Емиграција по земја==
 
Индексот за заложби за развој ги рангира 22-те најбогати земји во светот според нивната имиграциска политика и отвореноста кон мигрантите и бегалците од најсиромашните земји.
 
===Австралија===
 
Вкупното ниво на имиграција во [[Австралија]] значително се зголеми во текот на последната деценија. Нето миграцијата во странство се зголеми од 30 000 во 1993 година на 118 000 во 2003/04 година. Најголемите компоненти на имиграција се миграцијата на квалификуваната работна сила и програмите за повторно соединување на семејството. Во последниве години, задолжителниот притвор на оние кои нелегално доаѓаат со чамец предизвика контроверзност. Во текот на 2004 и 2005 година , вкупно 123 424 лица имигрираа во Австралија. Од нив 17 734 беа од Африка, 54 804 од Азија , 21 131 од [[Океанија]], 18 220 од Обединетото Кралство , 1 506 од Јужна Америка и 2 369 од Источна Европа. Во 2005 и 2006 година во Австралија мигрираа 131 000 лица и во 2006 и 2007 година бројот на луѓе кои мигрирале изнесуваше 144 000.
 
===Канада===
Водена од економската политика и повторното обединување на семејството Канада има највисока нето стапка на имиграција по жител во светот и во 2010 година планира меѓу 240 000 и 265 000 нови постојани жители. Во 2001 година во Канада имигрирале 250 640 луѓе. Новодојдените главно се населуваат во големите урбани средини на Торонто, Ванкувер и Монтреал. Од деведесеттите , мнозинството од имигрантите во Канада доаѓаа од Азија. Водечки земји на емиграција во Канада се Кина, Филипините и Индија. Во Канада, доколку некого го обвинат за расизам најчесто се смета за сериозна навреда.Денес, сите политички партии се претпазливи кога го критикуваат високото ниво на имиграција бидејќи, како што се наведува во канадскиот весник “ Глоуб енд Мејл” (Globe & Mail), во раните деведесетти години старата реформска партија на Канада беше обележана како “расистичка” бидејќи предложила намалување на нивото на имиграција од 250 000 на 150 000 имигранти.
 
===Европа===
 
Според Статистичкиот завод на европските заедници (Евростат), денес некои земји- членки на ЕУ примаат голем број имигранти, како на пример Шпанија , во која во текот на изминатите 5 години економијата отвори повеќе работни места од сите други ЕУ држави заедно. Во 2005 година, од меѓународната миграција ЕУ имаше целокупна нето добивка од плус 1,8 милиони луѓе. Ова изнесува речиси 85 % од вкупниот пораст на населението во Европа во 2005 година. Во 2004 година , вкупно 140 033 луѓе имигрирале во Франција, од кои 90 250 биле од Африка и 13 710 од Европа. Во 2005 година, имиграцијата се намали на 135 890 имигранти. Емиграцијата на Британците во Јужна Европа е од особена важност. Граѓаните на Европската унија сочинуваат голем дел од имигрантите во Шпанија. Тие претежно доаѓаат од земји како Велика Британија и Германија, но британскиот случај е особено интересен поради неговите размери.
Британските власти проценуваат дека британското население во Шпанија изнесува 700 000 имигранти. Среднорочните и долгорочните демографски податоци на ЕУ укажуваат на недостаток од квалификувана работна сила до степен кој би го загрозил економскиот пораст и стабилноста на голем број индустрии. Поради оваа причина во 2009 година Европската унија започна иницијатива наречена “Сина карта” на ЕУ. Сината карта на ЕУ првично била наменета за привремен престој и работна дозвола. Меѓутоа таа ќе им понуди можност на лицата кои ја поседуваат оваа карта да аплицираат за постојана дозвола за престој, откако непрекинато ќе работат две до пет години за да се здобијат со Сината карта на ЕУ, во зависност од поединечните прописи на секоја земја- членка. Во наредните години, земјите- членки на ЕУ постепено ќе ги прифаќаат барањата за Сина карта на ЕУ. Во процесот на аплицирање, од особено голема важност е да се има склучен договор за работа со организација која е дел од ЕУ. Во јануари 2010 година, за да се поедностави ова барање Европската комисија започна база на податоци на Сината карта на ЕУ.
 
 
===Италија===
Денес, Италија има околу 5 до 6 милиони имигранти или околу 9 % од населението. По проширувањето на Европската унија, најновиот бран на миграција настана од страна на околните европски земји , особено Источна Европа, а се повеќе и од Азија, која ја замени Северна Африка како најголема област подложена на имиграции. Околу 997 000 Романци официјално се регистрирани дека живеат во Италија, заменувајќи ги Албанците (590 000) и Мароканците (445 000) како најголема етничка малцинска група, но независните проценки велат дека вистинската бројка на Романци e двојно поголема или можеби и повеќе од тоа. Други имигранти од Централноисточна Европа се Украинците (260 000), Полјаците (120 000), Молдавците (190 000), Македонците (100 000), Србите (75 000), Бугарите (124 000), Босанците (40 000), Русите (45 600), Хрватите (25 000) , Словаците (9 000) и Унгарците (8 600). Почнувајќи од 2009 година, потеклото на странското население во Италија е поделено на следниов начин : Европа (53,5%), Африка (22,3%), Азија (15 ,8 %), Америка (8,1%) и Океанија (0,06%). Распределбата на странското население во Италија е во голема мера нееднакво : 80% од имигрантите живеат во северните и централните делови од земјата (во економски најразвиените области) , додека само 20 % живеат во јужниот дел на полуостровот. Во 2008 година, нето имиграцијата во Италија изнесуваше 438 000 имигранти.