Корисник:Marina.mickovska/Имиграција: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Во изработка}} '''Имиграција''' е воведување на нови луѓе во живеалиште или население. ...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Во изработка}}
[[Image:Net migration rate world.PNG|right|300px|thumb|Стапки на нето миграција за 2008 година: позитивни (сино), негативни (портокалово), стабилни (зелено) и без податоци (сиво).]]
 
'''Имиграција''' е воведување на нови луѓе во живеалиште или население. Тoа е биолошки концепт и е важeн за популационата екологија, кoj се разликува од емиграција и миграција.
 
Ред 18 ⟶ 20:
===Општи теории за имиграцијата===
Една теорија за имиграција прави разлика меѓу фактор на одбивање (Push) и фактор на привлекување (Pull). Факторите на одбивање главно се однесуваат на причината за емиграција од родната земја. Кај економската миграција (најчесто миграција на работната сила) се истакнуваат разликите во нивото на платите. Ако вредноста на платите во новата земја ја надминува вредноста на платите во родната земја, тој или таа ќе одлучи да мигрира сè додека трошоците не се премногу високи. Особено во 19 век, економската експанзија на САД го зголеми приливот на емигранти така што речиси 20% од населението беа странци за разлика од бројките денес кои покажуваат 10%, што претставува значителен процент од работната сила. Сиромашните луѓе од помалку развиените земји можат да имаат многу повисоки стандарди на живеење во развиените земји, отколку во земјата од која потекнуваат. Цената на емиграцијата, во која се вклучени експлицитните трошоци, цената на картата, имплицитните трошоци, изгубеното работно време и губењето на врските со заедницата, исто така играат голема улога во привлекувањето на емигрантите за да ја напуштат нивната родна земја. Со подобрувањето на транспортната технологија, помеѓу 18 век и почетокот на 20 век времето потребно за патување и трошоците драстично се намалија. Патувањето преку Атлантикот траело и до 5 недели во 18 век, а пак на почетокот на 20 век траело едвај 8 дена. Кога [[Опортунитетен трошок|опортунитетниот трошок]] е понизок, стапките на имиграција се стремат да бидат повисоки. Бегањето од сиромаштијата (од лични причини или заради роднините што остануваат зад нив) е традиционален фактор на одбивање, а достапноста на работни места е поврзана со факторот на привлекување. Природните катастрофи можат да го зголемат приливот на миграција предизвикан од [[Сиромаштија|сиромаштија]]. Овој вид миграција може да биде нелегална имиграција во земјата дестинација (и емиграцијата е нелегална во некои земји, како што се [[Северна Кореја]], [[Мјанмар]] и [[Куба]]).
[[File:DMZ - Freedom Building.jpg|thumb|300px|right|Зградата на слободата е голема зграда која е изградена во источниот дел од демилитаризираната зона на Источна Кореја, со цел да се одржуваат состаноци за повторно обединување на семејствата кои биле разделени во војната во Кореја.]]
 
Понекогаш емиграцијата и имиграцијата се задолжителни во договорот за вработување: религиозни мисионери и вработените во [[Мултинационална корпорација|транснационалните корпорации]], меѓународните невладини организации и дипломатска служба се очекува, по дефиниција, да работат во странство. Тие често се нарекуваат „експатриоти“, а нивните услови за вработување обично се еднакви или подобри отколку на оние кои аплицираат во земјата-домаќин (за слично работно место).
Ред 30 ⟶ 33:
 
Имиграционата политика станува сè повеќе поврзана со други прашања, како што се националната безбедност, [[Тероризам|тероризмот]] и особено во Западна Европа присутноста на [[Ислам|исламот]] како нова голема религија. Оние кои се загрижени за безбедноста го наведуваат граѓанското безредие во Франција од 2005 година, кое се поврзува со контроверзните карикатури на Мухамед во данскиот дневен весник „Јуландс Постен“ како пример на вредносни конфликти кои произлегуваат од имиграцијата на муслиманите во Западна Европа. Поради ваквите асоцирања, имиграцијата стана чувствително политичко прашање кај голем број европски земји.
 
===Регионални фактори за имиграција===
Во принцип, на граѓаните на една земја-членка на [[Европска унија|Европската унија]] им е дозволено да работат во друга земја-членка со мало или никакво ограничување на движењето. Ова е потпомогнато од мрежата на ЕУРЕС која ги поврзува [[Европска Комисија|Европската комисија]] и јавните служби за вработување на земјите кои се дел од Европската економска област и [[Швајцарија]]. За оние кои не се државјанина ЕУ, а се жители со постојан престој во ЕУ, движењето меѓу земјите-членки на ЕУ е значително потешко. По новите бранови на пристапување кон Европската унија, првите земјите-членки често воведуваа мерки за ограничување на учеството во “нивните“ пазари на трудот од страна на граѓани од новите земји-членки на ЕУ. На пример, Австрија, Белгија, Данска, Франција, Германија , Грција, Италија, Луксембург , Холандија, Португалија и Шпанија го ограничија својот пазар на трудот за период од 7 години во бранот на пристапување од 2004 и 2007 година.
 
Поради политиката на единствен внатрешен пазар на трудот на Европската унија , во принцип, земјите како што се [[Италија]] и [[Република Ирска]], кои имале релативно многу ниски нивоа на имиграција на работната сила се до неодамна (и кои во минатото често испраќале значителен дел од своето население во странство), денес се соочуваат со прилив на имигранти од земјите на ЕУ кои имаат пониски годишни стапки на заработувачка по жител, што предизвика општонародни дебати во врска со имиграцијата.
 
Во меѓувреме, [[Шпанија]] се соочува со сè поголема нелегална имиграција од [[Африка]]. Бидејќи Шпанија е најблиската земја-членка на ЕУ до Африка – таа има дури и два автономни градови (Сеута и Мелила) на африканскиот континент , како и автономна заедница (Канарските Острови) западно од Северна Африка , во Атлантикот - Шпанија е физички е најлесно достапна за емигрантите од Африка. Ова доведе до дебата во рамките на Шпанија и помеѓу Шпанија и другите членки на ЕУ. Шпанија побара помош за гранична контрола од другите членки на ЕУ, а тие одговорија дека Шпанија сама си го донела бранот на африкански нелегални мигранти со тоа што им доделувала амнестија на стотици илјадници непријавени странци.
 
[[Обединетото Кралство]], [[Франција]] и [[Германија]] се соочија со голем број миграции од крајот на Втората светска војна и со децении дебатираат за проблемот. Странските работници беа донесени во овие земји за да помогнат во обновата по војната и многумина останале. Политичките дебати околу имиграцијата обично се фокусираат на статистиката , законот за имиграција и политиката за имиграција и на спроведувањето на постоечките ограничувања. Во некои европски земји, во деведесеттите дебатата била фокусирана на барателите на азил, но рестриктивните политики во рамките на Европската унија , како и намалувањето на вооружените конфликти во Европа и соседните региони, нагло го намалиле бројот на баратели на азил.
 
Некои држави, како [[Јапонија]], се одлучија за технолошки промени со цел да ја зголемат профитабилноста (на пример поголема автоматизација) и донесоа закони за имиграција, особено за да го спречат надоаѓањето на имигрантите и нивното населување во земјата. Меѓутоа, глобализацијата како и ниската стапка на наталитет и стареењето на работната сила ја принудија Јапонија да ја преиспита својата имиграциона политика. Исто така, јапонското колонијално минато претвори во Јапонци значителен број на луѓе кои не потекнуваат од Јапонија. Сепак, Јапонија врши строга контрола на имиграцијата и во 2009 година, покрај широкоградата помош од странство за бегалците, таа им даде политички азил само на 30 луѓе. Јапонскиот министер [[Таро Асо]] ја опиша Јапонија како уникатна, со тоа што е “една нација,една цивилизација,еден јазик ,една култура и една раса.”
 
Во САД политичката дебата за имиграцијата постојано се разгоруваше откако САД станаа независни. Некои од екстремната левица од политичкиот спектар ја припишуваат анти имиграционата реторика на необразованото и тесноградо малцинство од населението составено само од припадници на белата раса, неуки за релативните предности на имиграцијата за економијата и општеството на САД. Додека оние од екстремната десница сметаат дека имиграцијата го загрозува националниот идентитет, ја поевтинува на работната сила и ја зголемува зависноста од социјална помош.