Мајк Олдфилд: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Muad'Dib (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Muad'Dib (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ред 42:
 
Во 1978 тој го снима најамбициозниот албум до сега, ''Incantations'' (''Рецитали''), кој носи силни минималистички влијанија, и ја вклучува [[Меди Прајор]] како вокал,[[Џабула тапанари]]те и цел жичен оркестар. Со ова ја проследува неговата прва тура низ Европа, комплетирана со 50 член бенд. Самата тура е во загуба, но албумот кој ја документира турата, ''Exposed'' (''Откриен'') е доволно успешен да ги надополни загубите.
 
До овој момент, неговиот „стил“ се повеќе се оддалечува од популарната музика во тој период. Но тој го менува својот пристап со тоа што почнува да пишува музика која е повеќе „поп“ по природа, и исто така, музика која е прикладна за мал бенд. По ''Exposed'' турата тој интензивно продолжува да оди на турнеи, префинувајќи го својот настап и реформирајќи го бендот до 6 члена (во времето кога го промовира ''QE2'' ).
Во овој период тој го модифицира својот договор за да му се овозможат повеќе права од успехот на неговата музика, што го продолжува договорот на 13 место 10 албуми.
 
Во 1979 го издава албумот ''Platinum'' (издаден со различна листа на песни како ''Airborne'' (''Во лет'')), првиот албум снимен во [[САД]] и содржеше аранжмани од ''North Star'' (''Северна Ѕвезда'') на [[Филип Глес]], покрај неговата вообичаена странична инструменталка, и ''I got rhythm'' (''Добив ритам'') од [[Џорџ Гершвин]], испеана од [[Венди Робертс]]. Првите изданија на албумот ја содржат песната ''Sally'' која потоа е извадена на барање на Ричард Бренсон и е заменета со ''Into Wonderland'' (''Во земјата на чудата'') испеана од Венди Робертс. Во некои понатамошни компакт-дискови, таа сеуште го држи името ''Sally''.
 
''QE2'' (''Queen Elizabeth II'', ''Кралицата Елизабета 2''), наречен по бродот а не по името на кралицата во тоа време, е издаден во 1980 г., и во себе содржи тапанарски точки од [[фил Колинс]] и, исто така, првото појавување на [[Меги Рајли]] на своите албуми. Ова е исто така првиот албум кој нема странични инструменталки, со најголемата ''Таурус 1'' која трае 10 минути.
 
Во 1982 г. го издава ''Five Miles Out'' (''Пет милји надвор од курсот'') во кој внесува долга инструменталка, ''Таурус 2'', и уште две композиции со неговата група за турнеи, ''Family Man'' (''Семеен човек'') испеана од Меги Рајли и 13 минутната ''Orabidoo''. [[Карл Палмер]] ги свири тапаните на ''Mount Teidе'' (''Планината Теиде''). Меги Рајли и Олдфилд заедно пеат на главната песна, која е инспирирана од за малку трагичната авионска несреќа која ќе му се случела.
<!-- Линкот до текстот: http://www.last.fm/music/Mike+Oldfield/+wiki-->