Илуминации (песни): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нова страница: '''''Илуминации''''' е збирка лирски призни песни на Артур Рембо од 1874 година, каде се забележув...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''''Илуминации''''' е збирка лирски призни песни на [[Артур Рембо]] од 1874 година, каде се забележуваат голем број алузии кон неговиот ''voyant'' (визионерски) период, кој започнува во [[1869]] година; но ''Илуминациите'' не се ниту признание ниту каење. Четириесетината кратки [[лирска приза|прозни песни]] и можеби првите две песни во [[слободен стих]] на [[француски јазик]] жанровски се неодредливи и се издигнуваат над сите [[граматика|граматички правила]] преку чудесната употреба на зборовите, кои многу често знаат да ги избегнат [[речник|речничките дефиниции]]. Елузивни, бунтовни и преплавени со брановидни каденци, ''Илуминациите'' ги надминуваат песните од ''[[Une Saison en Enfer|Престој во Пеколот]]'' исто како што оние од ''[[Une Saison en Enfer|Престојот во Пеколот]]'' ја надминуваат [[Песни (Рембо)|првичната Рембоова поезија]]. Некои критичари на делото на Рембо сметаат дека дел од песните во ''Илуминациите'' го означуваат конечното збогување на Рембо со литературата.
 
''Илуминациите'' содржат толку деликатни симболи и алузии што со секое ново читање нудат нов начин на восприемање и можност нешто ново да се сфати. Постои необјаслива привлечност во нивниот непровиден [[импресионизам]] и совршен ритам. Во ниту еден момент песните не престануваат да бидат еден боженствен спектакл и дури и нивните најсветовни пасажи се исполнети со еден невиден тип на супер-реалност.
 
Сепак, за разлика од слободниот стих, [[лирска проза|лирската прозна поезија]] безмалку почнува и завршува да постои со ликот и делото на [[Артур Рембо]]. Митот за неговата генијалност ќе се изгради токму околу ''Илуминациите'' - иако сѐ уште тинејџер, со овие четириесет песни тој го забарикадира своето место на врвот на светската оригинална поезија - прв користи слободен стих, ја воспоставува и истовремено усовршува [[лирска проза|лирската проза]], го збогатува речникот со доста [[неологизам|нови зборови]] и ги разноврснува ритмите застапени во француската поезија; се на се, со ''Илуминациите'' Рембо и дефинитивно станува најуникатна појава во светската литература.
 
==Надворешни врски==
Ред 10 ⟶ 14:
 
[[fr:Illuminations (Rimbaud)]]
[[en:Illuminations (Rimbaudpoems)]]