Асинхрон режим на пренос: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 89:
Моделот на класичниот IP во АТМ (classical IP over ATM/CLIP) [RFC 2255] е спе-цификацијата IETF со која IР ја третира мрежата АТМ како уште една подмрежа кон која се приклучени IP хостови и рутери. Во моделот CLIP повеќе подмрежи IP, обично, се преклопуваат на врвот на мрежата АТМ. Делот на мрежата АТМ кој и припаѓа на иста подмрежа IP се нарекува логична подмрежа IP (logical IP subnetwork /LIS ). Сите членови (крајните системи на IP) во иста LIS мора да користат ист префикс на IP адресата (на пример, ист број на мрежа и број на подмрежа). Два члена во LIS комуницираат директно преку АТМ врска со виртуелен канал (virtual channel connection/VCC).
Секој LIS работи и комуницира независно од другите LIS во истата мрежа АТМ. Комуникацијата со хостовите што се надвор од LIS мора да биде обезбедена преку IP рутер што е поврзан со LIS. Поради тоа, членовите кои им припаѓаат на различни LIS мора да комуницираат преку рутер(и).
== Референции ==
# Компјутерски Мрежи од Ендру С.Таненбаум
# Податочни и Компјутерски Комуникации од Вилијам Сталингс
# Комуникациски Мрежи од Алберто Леон-Гарсија и Индра Виџаја