Мисија на Атанас Јанков: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 88:
На оваа средба Јанков предложил своите момчиња да ги остави во [[Костурско]], а тој и [[Христо Силјанов]] да заминат за [[Битола]] и полковникот Јанков да се разбере со тамошниот комитет, односно да му дозволат тој и Коте да заминат во [[Грција]] и од таму да донесаат пушки. Ваквото барање на Јанков било прифатено.
 
На [[14 септември]] требало да се поделат момчињата на Јанков, дел од нив требало да заминат со него, а дел да останат во реонот но Јанков тогаш предложил нов план, односно тој, [[Христо Силјанов]] и [[Васил Чакаларов]] да заминат за [[Бугарија]].
 
Во [[Бугарија]] според овој план требало Јанков, [[Иван Цончев]] и [[Христо Силјанов]] да влијат врз [[Борис Сарафов]] и [[Гоце Делчев]] за да дојде до помирување на двете организации, меѓутоа таквиот план бил отфрлен.
 
Истиот тој ден, Погончев и Петар Гајков во [[Загоричани]] успеале да ги востанат селаните. На тргнување востаниците убиле двајцаа спахии и двајца други турци по што заминале во планината.
 
По овие случувања Јанков подготвилк нов план сега за напад на градот [[Костур]] и тоа за [[20 септември]], но ни овој план не бил реализиран.
 
На [[5 октомври]] кај месноста ''Бабички стени'', Јанов имал судир со турците, во борбата загинале неколку турци додека пак од четата загинал само еден.
 
По судирот Јанков ја продолжил агитацијата, но ни [[ТМОРО]] не седела со скрстени раце. Имено на [[24 октомври]] во [[Смрдеш]] било извршено советување на 20 членови од раководните тела и тие побарале од Јанков да го докаже обвинението против Чакаларов дека злоупотребил пари од Сарафовиот комитет.
 
Меѓутоа Јанков таквите обвиненија неможел да ги докаже и дошло до расправија во која имало и размени на закани. На оваа советување врховистичката чета на Јанков и четата на [[ТМОРО]] ја имале последната средба.
 
== Епилог ==