Иронија (стилистика): Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Иронијата''' е изразно средство во кое со замена на два поима се изразува потсмев кон...
(нема разлика)

Преработка од 12:01, 22 октомври 2010

Иронијата е изразно средство во кое со замена на два поима се изразува потсмев кон некого или нешто. На пример во стиховите на една народна песна, во која девојката се преправала дека не го сака момчето и го замолила да ја пушти да си оди, на тргнување иронично му рекла:

                                           „Срети волкот рудо јагне-
                                            не умеит да го давит.
                                            Срети сокол еребица
                                            па не знаит да ја јадит.“

Кога иронијата е навредлива тогаш преминува во сарказам. Сарказам се среќава во зборовите на Неда, Кузмановата мајка, кога со груби зборови им се обраќа на Албанците, убијците на нејзиниот син:

                                          „Зар повтор со злосторни ужасни мисли сте полни,
                                             скитници, грабливи страчки?!
                                             Зар пак, о разбојници, кроите некакви волни
                                             убиства, кражби и пљачки.“

Други форми на иронија се: гротеска, карикатура и виц. Во гротеската тоа што се сака да се исмее е премногу нагласено, дури и искарикирано, со цел да се нагласи негативното. Карикатурата може да биде графичка и литературна. Во литературната карикатура негативното што се исмева е хиперболизирано, што значи преувеличено. Вицот е стегнат, многу краток расказ со нагласена остроумност и шеговитост.