Михај Верешмарти: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 13:
Затоа Верешмарти ќе биде сметан од [[Карол Кишфалуди]] како и од другите унгарски романтичари за еден од нив. Целиов овој период, Михај одвај преживува. Ѝ се посветува на литературата, но неговите дописи за [[весник|весниците]], како и неговите рецензии се мизерно платено. Меѓу 1823 и 1831 создава четири [[драма|драми]] и осум помали [[еп]]ови, кои делумно се историски, но и делумно и фантастични. Од овие епови, Верешмарти за свое ремек-дело ќе го смета ''Cserhalom'' (1825), но модерните критичари повеќе го величаат ''A két szomszédvár'' (Два соседни замоци) (1831), ужасна приказна за омразата и одмаздата.
 
Кога конечно се основа Унгарската Академија на Науките ([[17 ноември]] [[1830]]), Верешмарти е избран за член на филолошката секција, за конечно да го наследи местото претседател од Кишфалуди и да се здобие со плата од 500 [[флоринтфоринт]]и. Тој е еден од основачите на [[Друштвото Кишфалуди]], а во 1837 година, тој е и зачетник и уредник на списанијата ''Атенаум'' и ''Figyelmező'', првото - врвно во рамките на [[белетристика]]та, второто најзначајно критичко списание во овој период.
 
Од 1830 до 1843 се посветува главно на пишување драми, од кои како најзначајна се издвојува ''Vérnász'' (Крвава свадба) (1833), која ја добива наградата за најдобро дело од Академијата во вредност од 200 гулдени. Издава и неколку збирки поезија, кои ги содржат неговите најдобри песни. Szózat (''[[Проглас]]'', 1836), која се смета за втора унгарска химна, ''Az elhagyott anya'' (Напуштената мајка) (1837) и ''Az uri hölgyhöz'' (На Благородната Дама) (1841) се длабоко испирирани од неговиот пламен патриотизам. Неговата венчавка со Лора Чајаги од 1843 ќе го инспирира да напише циклус еротски песни. Во 1848, заедно со [[Јанош Арањ|Арањ]] и [[Шандор Петефи|Петефи]], започнува со преведување на [[Шекспир]]овите дела. Самиот тој е одговорен за одличните препеви на ''[[Јулиј Цезар (драма)|Јулиј Цезар]]'' и ''[[Кралот Лир]]''.