Македонија под власта на Бугарија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
EvLa (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
Ја заменувам страницата со 'ЛЪЖИ!'
Ред 1:
ЛЪЖИ!
{{внимание}}
Северна, централна и источна Македонија во 9 век ја освојува бугарскиот владетел Крум.
 
==Политичката и религиската автономија на Македонците во состав на средновековна Бугарија==
Според историските сведоштва и документи од средниот век, делот од Македонија под бугарска окупација имал своја автономија. И за време на средновековната бугарска окупација на Македонија функционирале македонските кнежевства тнр. склавинии, со своја локална власт, своја војска и кнезови, а на бугарите им плаќале само данок.
 
Иван Камениот (грчки Ioan Cameniates), етнички Македонец од Солун во своето дело од 904 година ја опишува политичката ситуација во Македонија со следниве зборови "На запад (од Солун) се простира една рамнина, која завршува до едни други планини, каде се издига еден град, нарекуван Вероја (Бер), град познат како по жителите, така и по сите особини, со кои може да се пофали еден град по конструкција. Во средното пространство на таа рамнина, се наоѓаат некои распрснати села, од кои едни близу до градов (Солун), нарекувани со име драговите и сагудати, потчинети на градов, други пак плаќаат данок на соседниот скитски-бугарски народ, кој не е далеку. Инаку селата живеат по соседство едни со други, па како и бидува, неретко (драговите и сагудати) влегуваат во сродство едни меѓу себе и со солунчаните, а тргуваат со скитите (бугарите)...[''79. Joannes Cameniata, De excidio Thessalonicensi, cap. 6, в изданието на Theophanis Contin., ed. Bon., p. 498. T. Tafel, De Thessalonica eiusque argo, Berolini, 1839, p. LXXVII — LXXVIII, et p. 252.''].
 
Бугарскиот кнез Борис т.е. Михаил по препорака на римскиот Папа во 866 година требало да организира посебни цркви за секој одделен народ во Бугарија, па како дел од Македонците од северна и централна Македонија биле под бугарска окупација и тие требало да добијат посебна црква со свој епископ. Со тоа, Бугарија требало да ги признае националните права на различните етникуми, кои плаќале даноци на Бугарија како и целосно призната автономија. Инаку целото папско правило гласи: ”Episcopos gentium singularum scire convenit, quis inter eos primus habeantur, quem velut caput existiment et nihil amplius praeter eius conscientiam gerant etc. ”(''Правила на св. православна църква с тълкованията им, София, 1912, т. I, стр. 98 / Васил Н. Златарски: ”История на Първото българско Царство”. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018) стр.119-120'')
 
 
Така и сторила Бугарија. Кон крајот на 9 век, бугарскиот цар Борис Михаил ги одвојува Македонците од бугарското царство и за управник на македонската автономна област го назначува Св. Климент. Таткото на бугарската средновековна историја Проф. Др. Златарски констатира дека Македонија била "третата част на българската държава която била населена с компактно славянско население" (''Васил Н. Златарски: ”История на Първото българско Царство”. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018) стр.239-240''); затоа, Македонците како посебен броен народ во бугарското царство морале да се одделат од останатите народи.
 
Рускиот славист Туницкиј според Краткото житие на Св. Климент и Џуканжовиот список тврди дека македонските автономни области тнр. Кутмичевица ја зафаќале територијата на Македонија до Солун на југ, на запад до јадранскиот брег, додека северната граница не може авторот да ја определи (''Ср. Воронов, Главнейшие источники, стр. 200. / Н. Туницкий, Св. Климент, стр. 177—182''). Св. Климент, македонскиот етнички простор го поделил на 12 околии (''Н. Туницкий, пак таму, стр. 189—190''), каде официјален јазик и писмо бил словенскиот, а црковниот клир бил ослободен од плаќање даноци на Бугарија (''Пространното житие, издание Туницки, гл. XVIII, § 58—59, стр. 170—121'').
 
 
Така, Св. Климент ја добил титулата епископ велички.
 
Неговите наследници, управителите на македонските автономни области ја носеле титулата "епископ на словенски јазик" , каде што старословенскиот збор "јазик" означува "народ" т.е. етнос. Со тоа, Бугарите признавале посебен етнос во "третата автономна област на Бугарија". Можеме а закучиме дека во средниот век постоеле три етноса во Бугарија, а тоа биле македонскиот, бугарскиот и словено-траките од Бугарија, денеска тнр. "б’лгари".
 
Дека Македнците биле посебен народ и како таков целосно одделен од бугарите и славо(анто)-траките, се и титулите кои ги носеле самостојните владетели во Македонија. За разлика од бугарските земји, каде бугарските болјари- аристократија носеле турко-бугарски титули болјар, кавхан, боил итн., во Македонија тие носеле чисто словенска титула "кмет". Интересно е дека дури и српските етнички територии окупирани од бугарите имале властодршци со турко-бугарски титули. До сега се познати два кмета од Македонија Тамериан и Дристар(''Житието на Тивериуполските мaченици kaj Migne, Patrol. gr., t. 126,ibid., cap. 47, col. 213 A.''), кои биле полунезависни владетели на македонските етнички територии со свои војски и свои крепости(''Skyl.—Cedr., ibid., II, p. 4698–9'').
 
==Книжевноста на Македонците во рамките на средновековна Бугарија==