Владимир Полежиноски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
[[Слика:Владимир_Полежиноски.jpg|right|thumb|200px|Владимир Полежиноски]]'''Владимир (Владо) Полежиноски - Полежина''' ([[Кичево]], [[30 мај]] [[1913]] година - [[Кичево]], [[16 јуни]] [[1980]] година) е учесник во [[НОБ]].
 
Роден е во семејството на Јонче и Стефанка Полежиноски. Основно образование завршил во Кичево, а гимназија во [[Битола]] во [[1932]] година. По завршување на гимназијата, во есента [[1932]] година се запишал на Правниот факултет во [[Париз]], каде што со успех ги завршил студиите, а потоа одбранил и докторат на универзитетот [[Сорбона]] во март [[1939]] година на тема „Фондови за изедначување на девизните курсеви". За време на студиите во [[Париз]] активно се вклучил во студентското демократско движење, а во [[1937]] година станал и секретар на [[студентското друштво во Париз]].
 
Полежиноски бил повикан на отслужување на воениот рок во стара [[Југославија]] и служел во [[Требиње]], каде што го затекнала и капитулацијата на стара Југославија. Во овие тешки години тојТој се вратил во родното [[Кичево]], каде што токму тогаш [[Кузман Јосифовски - Питу]] го формирал Месниот комитет на [[КПЈ]] во Кичево во октомври [[1941]] година. Во почетокот Кузман не се сложил Полежина да влезе како член на МК, бидејќи сметал дека партијата е на [[работничка класа|работничката класа]], а интелектуалците каков што бил Полежина, доктор на правни науки, не може да бидат членови. Сите кичевски првоборци се залагале за Полежина да биде член. Кузман Јосифовски-Питу сфатил дека Владо како убеден [[демократија|демократ]] и [[антифашизам|антифашист]] треба да биде член на МК.
 
Владо станал политички секретар во кичевската организација. Работејќи на подготовките во Кичево, заедно со повеќе свои другари бил затворен од италијанските[[италија]]нските окупаторски власти. Во мај [[1943]] година бил пренесен во концентрациониот затвор [[Порто Романо]] во [[Албанија]]. Во затворот останал сè до капитулацијата на фашистичка [[Италија]] на [[8 септември]] [[1943]] година. По враќањето во Кичево, активно се вклучил во [[НОБ|Народноослободителното движење]] во првоослободениот град Кичево во НОВ. Благодарејќи на неговата активна работа и резултати како и потребите бил повлечен да работи во [[Главен штаб на НОВ|Главниот штаб на Македонија]] на терен во [[Дебарца]].
 
По [[Преспанско советување|Преспанското советување]], Кузман Јосифовски-Питу требало да замине во [[Скопје]] за да се извршат подготовки за свикување на [[АСНОМ]]. Главниот штаб на НОВ и ПОМ се нашол во [[Врановци]] на слободната територија. Командантот [[Михајло Апостолски]] предлагал да се организира заседанието во манастирот "[[Свети Прохор Пчињски]]" бидејќи сметал дека е безбедно место и дека единиците на НОВ ќе го обезбедуваат собранието. Тука биле [[Методија Андонов - Ченто]], Полежина, [[Киро Глигоров]], Апостолски, како и [[Светозар Вукмановиќ - Темпо]] и многу други раководители и членови на ГШ. Според сеќавањата на Киро Глигоров: „Сите''Сите работевме, но се разбира Полежина имаше големо познавање и даде голем придонес во создавањето на актите на АСНОМ“АСНОМ''.
 
Иако Полежина целосно се вклучил во создавањето на македонската држава во власта и секако бил потребен во Македонија, веќе во март [[1945]] година бил кооптиран во воена мисија на [[ФНРЈ]] во [[Франција]], а од декември 1945 година во воена мисија на [[СФРЈ|Југославија]] во [[Германија]]. Полежина бил шеф на воената мисија на Југославија при контролното собрание за Германија, при главниот штаб на англо-американските сили во [[Франкфурт на Мајна]]. Тој тогаш бил унапреден во чин [[потполковник]] во југословенската војска.
 
Полежина како шеф на воената делегација во периодот од ноември [[1947]] година па до резолуцијата на [[Информбиро]]то во [[1948]] година, активно работел во [[Франкфурт]]. Во август 1948 година бил повикан на разговор кај шефот на руската воена мисија и оттогаш почнала голготата на Полежина. Набргу тој бил повлечен од Германија и демобилизиран од војската. Паднал во голема немилост, принуден сам да се снаоѓа за да преживее со семејството.
 
Во јануари [[1951]] година без судски процес бил лишен од слобода и протеран на [[Голи Оток]] на "Мермер", каде што останал сè до април [[1954]] година.
 
По затворот се вратил во [[Белград]] и се вработил во [[Народна банка|Народната банка]], а по кусо време и во [[Институт за економски работи|Институтот за економски работи]]. Поради семејни причини во [[1965]]/[[1966]] година дошол во Скопје и се вработил во [[Економски институт|Економскиот институт]]. Работел во иста канцеларија со академик [[Никола Кљусев]].
 
Неговите соборци од [[Кичево]], [[Борис Грујоски]], [[Борис Алексоски - Карче]], [[Пецо Чингоски]], [[Драгољуб Прјоски]], [[Илија Топалоски - Аврам]] сторија многу тој да ја добие [[Партизанска споменица 1941]] што ја заслужил.
 
== Надворешни врски ==