Петар Ацев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 13:
== Биографија ==
 
Роден е во селото [[Ореовец (Прилепско)|Ореовец]], [[Општина Прилеп|Прилепско]]. Завршил VI клас во [[Софија]]. Од [[1897]] до [[1901]] година е учител во [[Прилеп]], [[Крушево]] и други места во [[Македонија]]. Заедно со браќата Мирче и Георги се вклучува во револуционерната дејност на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]]. Во [[1901]] година негов четник е [[Крсто Гермов]], подоцна познат како ''Шаќир војвода''. На почетокот на [[1902]] година станува нелегален, а од [[мај]] бил околиски војвода за Прилепско. Тогаш негов четник е и [[Атанас Иванов]]. Петар Ацев е претставник на Прилепскиот револуционерен реон на [[Смилевскиот конгрес]], тој бил еден од главните противници за кревање на востанието. Како главна причина за таквиот став биле недоволната подготвеност и немањето на оружје во регионот. Исто така, Петар Ацев, заедно со [[Георги Поп Христов]] и [[Лазар Поп Трајков]], бил избран за резервен член на Генерал штабот, составен од [[Даме Груев]], [[Анастас Лозанчев]] и [[Борис Сарафов]] <ref>[http://www.kroraina.com/knigi/tn/tn_10.html Николов Тома, ''Спомени от моето минало'', глава 10-та, Изд. на Отеч. фронт, София, 1989]</ref>. По завршувањето на [[Илинденското востание]] бил избран за нелегален член на окружниот комитет, заедно со Павел Христов и [[Пандо Кљашев|Панде Кљашев]], а за легални [[Милан Матов]], Петар Нешев и Михаил Ракаџиев. Ацев водел неколку борби со отомански сили и четите на српската и грчката пропаганда во [[Македонија]]. На [[28 јуни]] [[1904]] година четите на војводите Петар Ацев и Никола Каранџулов воделе борбата со турски аскер кај село [[Селце]], во која загинува Никола Карандџулов. Во [[1905]] година Трајко Кралев, Петар Ацев, Ѓуре Спирков и [[Крсто Гермов]] имале средба со српскиот ренегат [[Глигор Соколов ]], кој со фалсификувани документи ги убедувал да му дозволат да влезе во [[Македонија]] <ref>Аврамов, Стоян, „Революционни борби въ Азоть (Велешко) и Порѣчието“, [http://www.promacedonia.org/bmark/sa/sa_5.htm стр.46]</ref>.
 
== Извори ==